Зошто сте толку многу гладни после трчање?

Пролетта и убавото време го означуваат моментот кога цврсто ги врзуваме патиките и можеме да започнеме со трчање. А зошто не би го сакале трчањето кога согорува многу калории, се случува на отворено наместо во задушливи простории и не ви се потребни дополнителни финансии за да го практикувате.

5-pricini-zosto-ste-tolku-mnogu-gladni-posle-trcanjeto-01.jpg

Но, и покрај фактот што трчањето е одлична физичка активност, потренингот чувствувате несопирлив глад и желба за премногу храна.

Зошто сте толку многу гладни после трчањето?

Трошите премногу калории

Доколку се подготвувате за маратон или некоја покуса трка нормално дека давате сé од себе додека трчате. Минутажата како и километрите кои ги поминувате се зголемуваат и многу нормално е после 7 или 8 km да почувствувате енормен глад.

Сепак, сте истрчале прилично многу и имајте предвид дека трчањето е една од најенергичните форми на физичка активност. 45-минутното трчање не може да се спореди со 45-минутното вртење орбитрек или статичен велосипед. Гладот е прилично нормална последица после ваква исцрпувачка активност.

Секоја физичка активност носи различен апетит

Различни видови тренинзи делуваат различно врз апетитот. Трчањето како физичка активност изискува многу повеќе енергија и ги вклучува сите мускули за време на тренингот.

Ова е една од причините поради кои може да чувствувате несопирлив глад откако ќе завршите со трчање. Истражувањата покажуваат дека кусите тренинзи со големи тежини од друга страна го потиснуваат апетитот.

Не јадете доволно

Доколку сте на рестриктивен режим на исхрана имате дефицит на калории уште на самиот почеток на трчањето. Додадете ги сите оние калории кои ги губите за време на трчањето и запрашајте се зошто ви се јаде толку многу. Доколку се подготвувате за трчање, а претходно не сте јаделе ништо цели 5 до 6 часови, одговорот е веќе јасен.

Психолошки, наместо физички глад

Ова е многу чест проблем кој се јавува кај луѓето. Во вашата глава се случува следното – Истрчав толку многу, мора да сум многу гладен. Мора да го надоместам она што го изгубив.

Започнувате лакомо да јадете веднаш по трчањето и губите осет и контрола колку сте изеле. Вистината е дека не сте толку многу гладни и гладот кој го чувствувате е повеќе емотивен, односно психолошки, отколку реален физички глад.

Дехидрирани сте

Не пиете доволно вода пред и по трчањето. Дехидрираноста многу лесно може да се поистовети со глад.


Како да се реши проблемот со апетитот по трчањето?

Пијте повеќе вода

Испијте мала количина на вода пред да започнете да трчате и околу едно шише од 500 ml откако ќе завршите со тренингот.

Јадете веднаш по трчањето

Испланирајте го оброкот уште пред да започнете со физичката активност. Така точно ќе знаете што да јадете до 1 час најдоцна откако добро ќе се истрчате. Комбинацијата од протеин и малку јаглени хидрати е најпаметен избор за оброк (малку јогурт и овошје) или варено јајце, зелена салата и мало парче интегрален леб.

Научете да го препознавате гладот

Навистина е важно да сте поврзани со своето тело и да научите да го препознавате цсмптомите на вистински глад и жед. Кога веќе еднаш ќе го совладате ова, ќе знаете да ги исклучите алармите за лажна тревога, односно нереален глад.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот) За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg