Колку килограми може реално да симнете до летото?

Доколку планирате да го фатите последниот воз за намалување на вишокот килограми, ви откриваме кој е најоптималниот исход на кој треба да се надевате.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-1.jpg

Тешко дека постои жена која е искрено или потполно задоволна со своето тело. Најчесто, незадоволството се  јавува поради неколкуте килограми вишок, или, пак, причината е недоволната затегнатост на одреден дел од телото.

Преку адекватен тренинг и редуцирана исхрана, пролетта е идеална прилика за конечно да се ослободите од еден голем проблем. Имате два месеци до почеток на летото, па почнете уште денес.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-2.jpg

Секогаш и во секоја работа, најважното нешто е да поставите реална цел пред себе. Што е тоа што може да го постигнете за два месеци?

1. Со редовно вежбање, редуцирана исхрана и квалитетно опоравување, за два месеци може да ја намалите телесната тежина од 8 до 10 килограми, на потполно здрав начин, и без ниту еден суплемент.

2. За два месеци тренинг, може да го смалите обемот на струкот за 2 до 10 сантиметри, зависно од вишокот масти кој го имате во таа област.

3. Веќе по два месеци, може да очекувате за 30% поголем тонус на раката, а особено на надлактицита.

4.  За два месеци може да се подготвите да истрчате полумаратон.

Со оглед на тоа што слабеењето е вечно актуелна тема, ви нудиме и неколку совети како да ја исполните својата цел за два месеци.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-3.jpg

Тренингот за слабеење, односно намалување на телесната тежина, во суштина е многу едноставен. Најважно од сè е главното место во вашата програма на вежбање да го заземаат комплексните вежби, кои активираат поголема група на мускули, а меѓу кои спаѓаат: сквот, исчекор, склекови, вежби за стомачни мускули итн.

Секоја од нив активира големи групи на мускули, како на нозете, стомакот, градите и грбот, а тајната на комплексните вежби е во тоа што при контракцијата на мускулите, тие согоруваат голема количина на енергија, што е и главен предуслов за намалување на телесната тежина.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-4.jpg

На почетокот, најдобро би било бројот на повторувања за секоја вежба да биде 10, а подоцна зголемете ги на 15 и 20, во зависност од напредокот, така што адекватно ќе ги припремите и адаптирате мускулите и тетивите на тренинзите кои претстојат, но и ќе го одржите интензитетот на тренингот што ви е потребен.  

Бидејќи имате релативно мал период до кога треба да ја исполните својата цел, мора да бидете и поефикасни, па советот е во својот план за вежбање да воведете и кардио активност, во времетраење од минимум 30 минути, а зачестеноста на тренингот треба да биде од 3 до 4 пати неделно.

Кардио справата на која ќе вежбате може да е по ваш личен избор, но препораката е тоа да биде лента за трчање, статичен велосипед или степер.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-5.jpg

И, како што веројатно и знаете, тренингот за намалување на телесната тежина мора да биде пропратен и со соодветна редуцирана исхрана.

Трудете се секој ден да исфрлате некоја лоша навика од својата исхрана, да ги намалите и на крајот целосно да ги исфрлите слатките, како и да ги избегувате доцните оброци.

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-6.jpg

Суштината е да создадете калориски дефицит, односно калориската потрошувачка да биде поголема од калорискиот внес. За да се ослободите од еден килограм масти, потребно е да бидете во дефицит од околу 8.000 калории.

Тоа нека ви биде неделната цел, па ќе ослабете од 4 до 5 килограми за месец дена, што е одличен резултат.

Со лесно!

kolku-kilogrami-mozhe-realno-da-simnete-do-letoto-7_copy_copy_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg