5 енергетски оброци кои треба да ги јадете веднаш после вежбање

Веројатно веќе сте научиле колку е важно да му ги дадете на вашето тело потребните нутритивни вредности веднаш после вежбање. Со консумирање на одредени нутритивни вредности после вежбање навашето тело му овозможувате полесно опоравување, подобрување на телесното држење и подобар иден перформанс.  

5-energetski-obroci-koi-treba-da-gi-jadete-vednas-posle-vezbanje-1_resize.jpg

Еве 5 видови на храна кои треба да бидат во вашата чинија после вежбање:

1. Јајца

Лесно се подготвуваат, неверојатно се вкусни и се преполни со протеин. Јајцата исто така содржат и многу витамин Д, што е добро ако не излегувате многу на сонце. Направете си вкусен омлет и неколку парчиња интегрален леб за да внесете доволно протеини и јаглехидрати кои му се потребни на вашето тело за опоравување. Но, немојте да ги вадите сите жолчки. Добрите масти се исто толку важни колку што се важни протеините и јаглехидратите.

2. Банана

Веќе знаете дека постојат добри и лоши јаглехидрати. За среќа бананите изобилуваат со добри. Бананите се буквално чудо од овошје. Јадете ги со путер од кикирики или изблендирајте ги со млеко и какао за да внесете доволно протеин, калиум и добри јаглехидрати.

3. Лосос

Оваа риба изобилува со омега 3 масни киселини, што е клучен елемент за поправање на мускулите. Можеби не можете да зготвите лосос веднаш после вежбање, но добро е што оваа риба можете да ја чувате и до неколку дена во фрижидер. Преку викендот спремајте лосос и ставате го во фрижидер за следни две употреби.

4. Киноа

Киноата е полна со протеини за разлика од оризот кои луѓето најчесто го практикуваат. Исто така е природен извор на Б6 витамини и минерали. Киноата се приготвува многу лесно и можете да ја приготвите со пилешко и домати за екстра резултати.

5. Сендвич со путер од кикирики и мед

Јадете сендвичи приготвени со интегрален леб, путер од кикирики и мед за правилен баланс на јаглехидрати и протеини. Путерот од кикирики е полн со витамин Е, магнезиум и диетални влакна. Лебот е полн со јаглехидрати кои ви се најпотребни после вежбање, а медот е природен антиоксиданс кој ќе спречи уништување на мускулните ткива и ќе даде сладок вкус на вашиот сендвич.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg