Совети за оние што трчаат, а никако не ги губат килограмите

Многу луѓе се соочуваат со истиот проблем – почнуваат со една од најтешките физички вежби, трчањето, а килограмите никако да се изгубат.

soveti-za-onie-shto-trchaat-a-nikako-ne-gi-gubat-kilogramite-01.jpg

Постојат неколку причини зошто се случува ова и обично тоа е поврзано со неправилна исхрана или грешки што се прават пред или по трчањето.

За максимално да ги искористите предностите од трчањето, следете ги следниве совети:

Менувајте го темпото

Иако можеби најмногу ви одговара да трчате со бавно темпо или пак, брзо да стигнете до целта, тоа не е правилниот начин за да ослабете. Во текот на трчањето, менувајте го темпото.

Поделете го тренингот во серии и придржувајте се до тоа и ќе забележите поголем ефект.

Продолжете го тренингот

Ако основната цел ви е да изгубите килограми, тренингот не смее да биде премногу краток. Сепак, важно е и да не форсирате и да престанете со трчање ако почувствувате преголем умор и притисок на срцето.

Со 5 минути трчање се согоруваат околу 45 калории, па одредете време кое најмногу ќе ви одговара и гледајте да го продолжувате како што ќе го совладувате трчањето.

Подигнете ги колената

Една серија во текот на трчањето треба да ви биде кардио вежба. Скокајте со колена  подигнати  што е можно поблиску до градите. При оваа вежба, повеќе ќе бидете сконцентрирани на стомачните мускули отколку на нозете.

Потребно е да правите 2-3 вакви серии во текот на трчањето за најдобри резултати.

Правете и други вежби

Не можете да очекувате дека ќе ослабете само со трчање. Потребно е да внесете и други вежби во тренингот. Ако трчате во парк, искористете ги клупите за да направите неколку склекови или стомачни вежби.

Комбинацијата од кардио тренинг како што е трчањето со други вежби за телото секогаш дава добри резултати.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
Што е „канцелариски задник“ и какви други проблеми со здравјето може да предизвика? Знаете ли дека од прекумерно седење мускулите на задникот може целосно да забора...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг? Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија. ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg