За цврсто тело и добро здравје: Вежби инспирирани од движења на животните


За цврсто тело и добро здравје: Вежби инспирирани од движења на животните

Ако долго размислувате дека е време да го ставите вашето тело во форма, но не сакате тоа да биде со кревање тегови и тешки вежби во теретана, имаме решение и за вас.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-01.jpg

Доколку сакате да го направите ова со лесни и едноставни вежби, решете го овој „проблем“ на необичен начин – гледајте ги животните.

Нивните движења се природни, а тие се секогаш во добара форма, па обидете се да ги повторувате.

Одберете некои вежби од следните предлози и вашето тело ќе биде пофлексибилно и зајакнато, а здравјето подобрено, благодарение на животнитe:

Виткање на грбот како мачка

Оваа поза на мачките е една од наједноставните, но е многу корисна во јогата. Може да ја правите секој ден без никакви подготовки и дополнителни тренинзи, додека сте дома.

Им помага и на оние со искривен грб, гo прави телото пофлексибилно, ги зајакнува мускулите и го подобрува снабдувањето на крв во другите органи.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-02.jpg

Висење и искачување како мајмун

Децата додека се мали многу често сакаат да се качуваат по дрва и шипки, но кога ќе пораснат тоа веќе се смета за неприладно.

Сепак, според некои истражувања, докажано е дека висењето по шипки и одржувањето рамнотежа или качувањето на дрво, го зголемува нивото на меморија и ги подобрува менталните способности.

Со овие интересни вежби не само што ќе ги зајакнете мускулите, туку и мозокот.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-03.jpg

Трчање како гепард

Во животинскиот свет, со цел да се улови плен, потребно е брзо трчање, а гепардот достигнува брзина од 120 km/h и е одличен во тоа.

Tрчањето е секогаш добро за здравјето и изгледот на телото на човекот, секако, во граници на нормала. Ова е најдобар лек против депресија, нервоза и други „проблеми“ на модерниот живот, па затоа учете од животните.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-04.jpg

Скокање како антилопа

Антилопата е едно од животните со најдобар скок и може да скокне до 10 метри во должина и 3 метри во висина. Секако, вие не треба да се водите по овие индикатори, но важно е да знаете дека скокањето е корисно за здравјето.

На пример, со само 5 минути на ден скокање на јаже ќе го заштитите телото од заболувања како остеопороза, а ќе се чувствувате многу подобро.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-05.jpg

Пливање како риба

Пливањето помага при согорување на калории и му овозможува на телото да остане во добра форма и го полни со енергија. Здравствените бенефити од пливањето се исто така големи, а на оние со дијабетес им се препорачаува да пливаат 3 пати неделно за да го одржуваат под контрола нивото на глукоза.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-06.jpg

Исправување на телото како змија

Кобра позата е една од класичните јога пози кои се одлични за грбот. Позитивниот ефект од редовното практикување на оваа едноставна вежба е подмладувањето на мускулите во абдоменот и грбот, подобрување на функцијата на тироидната жлезда, цревата и бубрезите.

Оваа вежба секако, не е препорачлива за трудници и луѓе со сериозни повреди во грбот.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-07.jpg

Спиење како мрзливец

И за крај, после сите вежби, со модерниот и динамичен начин на живот, секако најважен е добриот сон, па не го потценувајте и земете пример од мрзливецот, но наместо 15 часа на ден, доволни ќе ви бидат 7-8 часа.

za-zajaknuvanje-na-teloto-i-podobruvanje-na-zdravjeto-vezhbi-inspirirani-od-dvizhenja-na-zhivotnite-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една вежба која ги топи мастите и ви го подобрува држењето на телото Сезоната за подготовка на телото за на плажа е отворена! А, ова е најлесната веж...
Се потите на почетокот на вежбањето: 6 знаци дека телото ви е во добра... Да се биде во добра физичка форма не е секогаш поврзано со вежбање. Не зависи од...
Секси вежби за парови за зацврстување на целото тело Знаеме дека вежбањето и не им е омилена активност на сите. Тешко се наоѓа време,...