3 минути пред спиење: Едноставни вежби за слаби и затегнати нозе

Како што досега ви е познато, вежбањето треба да биде редовно, без разлика колку трае и колку се тешки вежбите.

3-minuti-pred-spienje-ednostavni-vezhbi-za-slabi-i-zategnati-noze-01.jpg

Треба да го одржувате телото активно и во форма и сите опции се подобри отколку да не правите ништо.

Многу од нас имаат проблем со вишокот сало во нозете и секој посакува слаби, затегнати и згодни нозе.

Па, доколку не сте од оние кои сакаат долги и напорни тренинзи, а сепак сакате да ослабете, следниве вежби се идеални за вас.

  • Локација: во кревет или на под
  • Времетраење: 3 минути
  • Период: најдобро пред спиење (или наутро кога ќе се разбудите)
  • Редовност: секој ден

Вежба за преден дел на бутови и колена

Легнете на грб, а рацете ставете ги покрај телото. Двете нозе подигнете ги под ист агол и максимално истегнете ги колената. Потоа виткајте ги надоле едната па другата нога и враќајте ги во почетна позиција.

Повторете 10 пати со двете нозе.

3-minuti-pred-spienje-ednostavni-vezhbi-za-slabi-i-zategnati-noze-03.gif

Вежба за предниот и задниот дел на бутовите

Прв дел:

Легнете на грб со исправени нозе нагоре, а стапалата поставете ги паралелно на подот. Движете ги нозете нагоре надоле исто како во првата вежба, а стапалата не заборавајте постојано да ви бидат во иста положба.

Повторете 10 пати.

3-minuti-pred-spienje-ednostavni-vezhbi-za-slabi-i-zategnati-noze-05.gif

Втор дел:

Легнете на грб со кренати нозе и благо свиткани во колената. Правете кружни движења со споени нозе, кревајќи го задникот и поткренувајќи ги нозете нагоре кон вашата глава, како на анимацијата.

Повторете 20 пати.

3-minuti-pred-spienje-ednostavni-vezhbi-za-slabi-i-zategnati-noze-06.gif

Вежба за затегнување на внатрешниот дел од бутовите

Легнете на грб и исправете ги нагоре двете нозе. Вкрстете ги така што десната нога ќе биде одозгора и спуштете ги надоле заедно, ширејќи ги настрана, како што е прикажано на анимацијата.

Важно е нозете цело време да се споени и да ги притискате една кон друга.

Повторете 10 пати со десната и 10 пати со левата нога одозгора.

3-minuti-pred-spienje-ednostavni-vezhbi-za-slabi-i-zategnati-noze-08.gif

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg