Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Адвокат 26-04-2017
Ѕидар 26-04-2017


7 работи кои не треба да ги правите на свадба

Жена којa работи како организатор на свадби, се има соочено со бесни гости, кои направиле глупост и ја уништиле целата церемонија.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-001_copy_copy_copy.jpg

Не сакате да сте дел од вакво случување, па затоа доволно е да ги прочитате овие неколку совети:

1. Не облекувајте бел фустан

Се знае дека белата боја на фустан е резервирана за невестата, која треба да биде во центар на внимание .Со тоа што ќе облечете и вие бел фустан, ќе создадете непријатна ситуација, озборувања, натпревар помеѓу вас и невестата...

Може да се доведете и до ситуација некој да ви честита, иако вие не сте невестата. Затоа изберете друга боја и не создавајте дополнителни проблеми.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-002.jpg

2. Немојте да носите со вас уште еден човек без да прашате

На поканата го имало само вашето име, но вие сепак ќе земете партнер со вас, без да ги известите организаторите претходно. Ова е и недолично однесување, бидејќи може да нема доволно простор за сите или личноста која доаѓа со вас да не е пожелно да присуствува на церемонијата.

Најдобро е да си прашате претходно и да си резервирате уште едно место до вас.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-003.jpg

3. Не се прилепувајте до младоженците

Дојдени сте на свадба сами, без партнер и единствени луѓе кои ги познавате се младоженците. Тоа не значи дека постојано треба да одите каде што одат и тие. Ослободете се и запознајте некои нови луѓе, бидејќи само така ќе може да се забавувате.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-4

4. Не зборувајте на микрофонот без потреба

Ако не сте повикани да одржите говор, немојте да го правите тоа без дозвола. Можеби се сметате себеси за достоинствена личност која секогаш кажува правилни работи, но верувајте дека може сè да излезе од контрола без да очекувате, посебно доколку имате испиено малку алкохол, па затоа држете се настрана.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-5

5. Не претерувајте со пиење алкохол

Не дозволувајте да изгубите контрола над себе. Бесплатниот алкохол на свадбата нека не ве залажува и да ве предизвика да пиете што е можно повеќе. Може да се напиете неколку чашки од омилениот пијалак и да се забавувате.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-6

6. Не ги уништувајте декорациите и просторот

Многу труд е вложено за сè да изгледа прекрасно на денот на свадбата. Скршена чаша не претставува проблем, но гледајте да не направите поголем скандал, како на пример да уништите кетеринг, да предизвикате пожар и слично.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-7

7. Не заминувајте прерано од прославата

Можеби ви е здодевно да останете на прославата и ваше право е да си заминете. Но, гледајте тоа да го направите неприметно и подоцна да објасните зошто сте си заминале, затоа што може да го ставите парот во ситуација да мисли дека нешто не е во ред и да предизвикате недоразбирање.

7-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-svadba-8

С. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативен пар решил секоја маса да ја направи по различен Дизни цртан Откако се вериле близу замокот на заспаната убавица во Дизни, Тај Џунмен и Ешли ...
10-те најпопуларни венчаници од чипка Доколку сте во подготовки за свадбената прослава, тогаш сигурно едно од најважни...
30 прекрасни невести кои одбиле да носат бела венчаница Венчавка – церемонијата која секогаш е проследена со традиции и адети, иако млад...