4 совети како да ја откажете свадбената церемонија

За да прифатите понуда за брак, треба да бидете сигурни дека го сакате тоа и да имате доверба во партнерот, но за да ја откажете венчавката, е за тоа дефинитивно ви треба и повеќе од храброст.

4-soveti-kako-da-ja-otkazete-svadbenata-ceremonija-so-stil-1.jpg

Ваквиот тип на ситуации се навистина комплицирани, од причина што, како повредени можат да се најдат и најблиските роднини, па и одреден дел од најдобрите пријатели.

Сепак, сите овие работи не се доволна причина за да продолжите да живеете на начин на кој не сакате.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат да ја донесете правата одлука на вистински начин кога ќе дојдете до таква ситуација.

Смирете се и немојте да паничите

Паниката само дополнително ги разгорува сомнежите во врска со вашата одлука. Не дозволувајте стравовите да ве надвладеат. Колку и да ви изгледа чудно целата ситуација, запомнете дека не сте единствени. Не размислувајте што ќе се случува понатаму, само вдишете длабоко и известете ги оние кои ги сакате, како и останатите гости.

Подобро порано, отколку подоцна

Ова е златно правило. Доколку сте свесни дека врската со вашиот партнер не ве исполнува, подобро е истата да ја прекинете, пред дополнително да ја искомплицирате.

Известете ги гостите, но не претерувајте со давањето информации

Доколку вашите покани се веќе испратени, потребно е во најкраток можен рок да ги известите дека свадбата нема да се одржи. При пренесување на таа информација бидете концизни, нема потреба да се изложувате ни себеси ни партнерот на дополнителен стрес и објаснување.

Известете ги добавувачите и организаторите

Во ситуација кога сте одлучиле да ја откажете вашата свадбена церемонија, бидете свесни дека е и повеќе од потребно да ги известите добавувачите, музичарите, персоналот во ресторанот и сл. Сепак, промената на вашите планови го поместува и нивниот распоред. Ценете го туѓото време.

Во целата оваа ситуација најважно е да не заборавите на чувствата и обврските на останатите. Па како што видовте, откажувањето на венчавка и не е така лошо, нели!?

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Каква венчаница да одберете според вашето тело + совети од Вера Ванг за совршен избор Секогаш треба да се водите од тоа каков е обликот на вашето тело па според тоа д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg