Фотосесија која подразбира уништување на венчаницата „Trash the Dress“ - да или не?

Одредени жени религиозно ги чуваат своите венчаници. По свадбата, веднаш уредно ги пакуваат или вакумираат, со надеж дека еден ден некој повторно ќе ја облече венчаницата од нивните соништа.

Fotosesija-koja-podrazbira-unistuvanje-na-vencanicata-da-ili-ne-01.jpg

Но, одредени жени имаат порадикални идеи. Тие едноставно не гледаат поента во чување на венчаницата, па се решаваат за креативни фотосесии со наслов „Trash the Dress“ или уништи го фустанот.

Оваа традиција е актуелна последниве 15-тина години во светот. Идејата е откако веќе фустанот послужил за намената, односно венчавката, истиот да се употреби за да се создаде креативна фотка. Елегантни алишта како констраст во средина или екстериер каде што воопшто не одговараат.

Младоженците немаат проблем да скокнат во базен, да се брцнат во океанот, да се маваат со бои или кал, сé со цел да се создаде поинтересна и поуникатна пост-свадбена фотосесија.

Дали би се согласиле на ова? Ви се допаѓа ли идејата и би го преживеале ли уништувањето на вашиот невестински фустан?

Погледнете како изгледа „Trash the Dress“ процесот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg