Што треба да знаете ако бидете бремена невеста?

Ако планирате свадба додека сте бремени, сигурно имате поголеми и поразлични проблеми и грижи од останатите невести.

shto-treba-da-znaete-ako-planirate-da-bidete-bremena-nevesta-01.jpg

Без разлика дали се работи за голема или мала свадба, сигурно сакате да можете лесно да го издржите целиот тој ден, иако не знаете како сето тоа ќе се одвива.

Со оглед на тоа што треба уште од рано сабајле да направите шминка и фризура и да се „стегнете“ во венчаница, па да пречекувате гости, да се сликате со сите кои се возбудени и чекаат по неколку фотки, и на крај, уште да бидете весели и да играте и да се забавувате цела вечер – секако дека звучи малку застрашувачки, барем кога станува збор за бремените невести.

Но, за да нема драми на вашиот голем ден, обидете се да останете смирени и да бидете добро подготвени однапред за сѐ што ве очекува.

Ние ви нудиме неколку совети како полесно да го поминете денот и подготовките за истиот, а освен нив, најдобро е и да се консултирате со невести кои веќе го искусиле тоа, па најдобро ќе ви кажат на што да обрнете внимание.

Закажете ги пробите за венчаница колку што е можно подоцна

Телото ќе ви се менува секој ден, па одложете ги пробите за венчаницата до речиси последниот момент пред свадбата. Посебно, ако сте одбрале фустан кој ќе ви го оцртува телото. Ако сѐ уште не сте нашле венчаница, инспирирајте се од овие венчаници за трудници.  

shto-treba-da-znaete-ako-planirate-da-bidete-bremena-nevesta-02.jpg

Вклучете паузи во вашиот распоред

Ова важи и за деновите пред свадбата, додека ја организирате и сте на сите страни, но и за денот на свадбата кога цел ден ќе ви биде со полн распоред. Наместо да чекате да се изморите и да ви биде тешко, па да мора подолго да одмарате и расположението да ви се расипува, вие испланирајте го одморот однапред.

На секои неколку часа (или одлучете вие колку ви е потребно) паузирајте што и да правите и погрижете се малку за себе.

Спакувајте ужинки

Многу трудници тешко се справуваат со тоа да не каснат ништо меѓу оброците, па затоа е подобро да имате постојано нешто во чантата. Не смеете да заборавите на храната и да дозволите обврските да ве совладаат.

Енергијата ви е многу потребна па затоа секогаш имајте при рака здрави грицки, овошје, јаткасти плодови. Секако, не заборавајте да пиете многу вода.

„Ангажирајте“ пријателка за во тоалет

На секоја невеста ѝ е потребна помош со венчаницата кога треба да оди во тоалет, а посебно на бремените. Затоа договорете една пријателка која ќе биде постојано блиску до вас и ќе ви помогне секојпат кога ќе имате потреба.

shto-treba-da-znaete-ako-planirate-da-bidete-bremena-nevesta-03.jpg

Седнете

Без разлика дали чекате да започне црквената церемонија или чекате да дојдете на ред во матично, користете го секој момент за да седнете, бидејќи ве чека долг ден „на нога“.

Внимавајте со менито за храна

Кога ќе го бирате менито за свадбата, имајте ја на ум и вашата бременост. Има некои видови храна која трудниците треба да ја избегнуваат и правила во исхраната до кои треба да се придржуваат.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg