Dub Fx – Бенџамин Станфорд: Почнав да заработувам после 6-тата година откако почнав како стрит артист!


Dub Fx – Бенџамин Станфорд: Почнав да заработувам после 6-тата година откако почнав како стрит артист!

dub-fx-benjamin-stanford-pocnav-da-zarabotuvam-posle-6-tata-godina-otkako-pocnav-kako-street-artist-1.jpg

Имавме чест за ексклузивно интервју со Dub Fx, човекот кој од доаѓа од Мелбурн, а настапи и направи одлично шоу на Skopje Street Festival.

Кој е Dub Fx, што ги советува стрит артистите, како започнала неговата приказна и како сето тоа се одвива прочитајте во разговорот кој го имавме непосредно пред неговиот настап.

Како се пресели во Италија во 2004-та година?

Мајка ми живее таму, пораснав таму до 12-тата година. Некаде 2005-та повторно заминав за Италија да ја посетам мајка ми.

Го напушти својот бенд откако го пуштивте во продажба првиот албум, зошто?

Навистина не ги напуштив. Всушност бев во повеќе бендови, но во еден како што ти го споменуваш Never or Now бев навистина фокусиран. Сите имавме различна идеја за тоа каква музика треба да правиме. Повеќето момци во бендот сакаа метал, јас го сакам тој тип на музика, но не е моја пасија. Им објаснив дека сакам да пробам сето ова да го правам соло, а и ти ние сакаа да патуваат како што излегов јас од Мелбурн.

dub-fx-benjamin-stanford-pocnav-da-zarabotuvam-posle-6-tata-godina-otkako-pocnav-kako-street-artist-2.jpg

Позади себе немаш маркетинг тимови, големи продукцентски куќи, сè уште работиш независно, која е приказната позади сето ова?

Кога бев во бендот се трудевме да бидеме ѕвезди, сакавме тоа да го постигнеме бидејќи бевме навистина млади. Кога започнав со уличните изведби низ Европа, сфатив дека не се работи за маркетинг или големи продукцентски куќи, сфатив дека е до луѓето и до тоа колку ќе те засакаат и ќе те прифатат. Кога го почнав ова, сфатив дека мора да бидам искрен.

2009-та, ова е годината кога албумот „Everythinks a ripple“ e пуштен во продажба, интересното е што музиката на целиот албум ја направи само со уста, колку време ти требаше?

Ми требаше една година, секакo дека го користев мојот компјутер и многу ефекти.

dub-fx-benjamin-stanford-pocnav-da-zarabotuvam-posle-6-tata-godina-otkako-pocnav-kako-street-artist-3.jpg

Коачела, Гластонбери, Зигет, какво е искуството од овие фестивали?

Сакам да настапувам на фестивали, на фестивали се чувствувам многу пријатно. Сум бил на различни фестивали, има толку многу моменти, што сега не би можел да издвојам некој. 6 години живеев во комбе, патував цело време, тогаш посетив многу фестивали  и дефинитивно тоа е местото каде се чувствувам најудобно.

Што мислиш доколку сега не беше Dub FX, каде ќе беше Бенџамин Станфорд сега?

Ако не правев музика, можеби ќе бев градинар, сигурно немаше да бидам доктор. Сакам да создавам и да градам нешто со своите раце, во тоа сум најмногу сигурен и во тоа се пронаоѓам.

Патуваш низ светот, каде ти беа најдобрите, а каде најлошите искуства?

Уф, некако се ми се враќа во глава Русија, дефинитивно во Русија ми се имаат случено најчудните искуства. Се возевме на тура во Русија во 2010 година, снимав видеа на патот кои ги објавивме и на Јутуб, каде луѓето буквално возат како манијаци, навистина беше лудо.

dub-fx-benjamin-stanford-pocnav-da-zarabotuvam-posle-6-tata-godina-otkako-pocnav-kako-street-artist-4.jpg

Во една твоја изјава велиш дека сакаш со својата музика да пропатуваш низ светот, но што се случува кога станува збор за живеење во едно место, каде би било тоа?

Во 2012 се преселив повторно во Мелбурн, Австралија, каде си купив куќа. Мелбурн е место кое навистина го сакам, но Австралија како држава не ја сакам, подобро би живеел во Бразил, Велика Британија, но сега мојата куќа е тука во Мелбурн, тука е моето бебе, што значи сега сум тука и навистина ми е убаво.

Кое е твоето мислење за уличните артисти? Тешко ли е сето тоа?

Не мислам дека е тешко, според мене е лесно. Јас го направив тоа, и живеев со тоа 6 години пред да почнат да ме плаќаат за своите настапи. Но, навистина е лесно, треба да се биде флексибилен, не можете да излезете со став, јас сум музичар, мора да ме почитувате. Мора да се претставите на начин, на кој луѓето ќе ве сакаат. Многумина не знаат што поседувате, мора да сте флексибилни, јас сум навистина свесен што се случува околу мене, гледам што е тоа што луѓето го сакаат, а што не, за да знам што јас да им дадам на нив. Уличното претставување ми помогна да дознаам кој сум јас, секогаш би се вратил на уличното изведување доколку имам шанса.

dub-fx-benjamin-stanford-pocnav-da-zarabotuvam-posle-6-tata-godina-otkako-pocnav-kako-street-artist-5.jpg

Кога веќе зборуваме за уличните артисти, Скопје Стрит Фестивал ги поддржува, а кој е твојот совет за нив?

Бидете флексибилни, тргнете го егото на страна, егото на сите им прави проблем во остварување на своите цели. Ако забележите дека тоа што го правите не функционира, променете го, погледнете околу вас што е тоа што публиката го сака кај вас. Ако го имате тоа во вас, но публиката не го забележува, променете го начинот на изведување, истражувајте. Кога ќе застанете пред сите тие луѓе морате да им покажете кои сте навистина, да им отворите дел од својата душа и идентите, тоа е тоа што тие сакаат да го видат, вистинскиот човек позади името кое го имате.

Автор: Сања Стојковска
Фото: Костадин Калошев
(c) CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов: Не, немам ќерка! Го знаеме како актер, водител, шоумен, а можеби и никогаш не сте знаеле дека сак...
Андреа Лекиќ: Би ми било многу тешко, ако сега треба да бирам помеѓу к... Пиевме кафе на омиленото место на Андреа Лекиќ. Девојката која заедно со целиот ...
Катарина Ивановска: До 3-ти месец ни моите дома не знаеја дека сум бре... Во Македонија и Скопје ја знаеме како Кики, девојката која што надвор од овие гр...