Од поинаков агол со водителката Анастасија Богданоска: Вложувај во себе, ќе ти се исплати!

„По еден инспиративен настан престанав да му се „лутам“ на животот и започнав да бидам благодарна за работите во него“, вели Анастасија.

voditelkata-anastasija-bogdanoska-vlozuvaj-vo-sebesi-kje-ti-isplati-01.jpg

Нејзината насмевка и позитивна енергија веќе осум месеци нè плени на ТВ екраните. Како дел од утринската програма на Канал 5 телевизија „Здраво Македонијо“, но и многу други проекти, Анастасија Богданоска полека, но сигурно го зацврстува своето место во срцата на гледачите.

Сепак, таа не ја заборава својата прва љубов – уметноста. Твори во правецот надреализам и открива дека есента е најинспиративното годишно време, па токму затоа сега подготвува изложба.

За себе вели дека не може да мине ден без добра музика, а омилени изведувачи и се Banks и JP Cooper.

voditelkata-anastasija-bogdanoska-vlozuvaj-vo-sebesi-kje-ti-isplati-05.jpg

Проговоривме со неа во поглед на тоа што ја инспирира во живoтот и најдобрите совети што ги добила досега:

Кое е твоето животно мото и советот кој би си го дала на помладата верзија од себеси?

Па не знам дали ме води само едно мото... Имам пасија да запишувам делови од книги, весници, мисли кои ми оставиле впечаток. Ми се врежуваат во глава и си наоѓаат примена во животните ситуации со кои се соочувам. И тоа без да знам, врежани во потсвеста.

Но, една работа често си ја повторувам, а таа е „Вложувај во себеси.“

И да се вратам години наназад истото би си го рекла, ама би додала: „Ќе ти се исплати“.

voditelkata-anastasija-bogdanoska-vlozuvaj-vo-sebesi-kje-ti-isplati-02.jpg

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

„Секогаш биди своја“, од мајка ми и татко ми.

„Дама не излегува од дома без кармин“ од баба ми.

voditelkata-anastasija-bogdanoska-vlozuvaj-vo-sebesi-kje-ti-isplati-03.jpg

Најинспиративен филм/серија/книга/настан...

Сакам да читам книги кои обработуваат човечки судбини, а уживам во филмови и серии со надреална содржина. Книги треба да се читаат почесто и која било книга и да ја прочитаме ќе ме инспирира на еден или на друг начин. 

Истото е и со филмот, серијата, музиката. Уметноста во која било форма инспирира, оти е плод на инспирација.

Но, ќе споделам со вас еден настан кој беше и инспиративен и ме научи добра лекција за животот.

Пред десеттина години како средношколец волонтер во рамки на проектот за хумани вредности на Црвениот крст, организиравме проект за дечињата со посебни потреби од Дневниот центар во Гостивар. Купивме боички, платна, пластелин и заедно со нив создававме уметнички дела.

Поминувајќи со нив неколку по часа во денот, сфатив колку сме себични ние како луѓе и несреќни оти не го цениме она што го имаме. Гледајќи ги нив, нивната желба за живот и нивната борба да ја држат правилно четкичката со боја, на пример, и среќата во нивните очи кога ќе повлечат линија, како и среќата на нивните лица на денот на изложбата ме направи пресреќна од една страна, но и ми удри навистина силна „шлаканица“ и беше вредна животна лекција.

Оттогаш, па наваму му се немам „налутено на животот“ и не сум рекла „кај ме најде сега мене ова“ или „јас не можам“, бидејќи видов како некој кој не може да држи четкичка со боја, со многу вложен труд, црта прекрасен цртеж...Инспирацијата, па и било која друга мисла во нашиот живот се бори со ставот „не можам“ за да прерасне во реализација.

Затоа, да го избришиме тоа „не можам“ од нашите глави и да го цениме она што го имаме.

voditelkata-anastasija-bogdanoska-vlozuvaj-vo-sebesi-kje-ti-isplati-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg