Симона Поповска: „Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“


Симона Поповска: „Не прави им го на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават“

„Потребно ни е повеќе добрина, повеќе емпатија, повеќе радост, повеќе смеа“, порачува пејачката Симона Поповска.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-da-ti-go-pravat-001.jpg

Пред еден месец Симона Поповска ја промовираше емотивната балада насловена „Сама“ и најави дека ќе сними и видео запис за неа, а наскоро ќе ги изненади фановите и со уште една песна, но во сосема поразличен стил од овој.

Пејачката, и покрај активностите на музичко поле и постојаните настапи низ локалите ширум нашата земја, успеа да дипломира на Медицинскиот факултет.

Taa во средината на месец август со бајковита прослава ја одбележи свршувачката со своето долгогодишно момче Кристијан, а за на пролет е најавена и свадба.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-da-ti-go-pravat-02.jpg

Убавата охриѓанка докажува дека кога се сака, сè се може, па токму затоа одлучивме да проговориме со неа на тема што ја инспирира во животот:

Кое е твоето животно мото и советот кој би си го дала на помладата верзија од себеси?

Моето мото е „Никогаш не вели никогаш“ и „Не прави го она што не сакаш и тебе да ти го прават“.

На мојата помлада верзија дефинитивно би ѝ дала совет никогаш да не се нервира и разочарува од луѓето затоа што еден ден сè се враќа.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-da-ti-go-pravat-04.jpg

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

Од моите родители кои секогаш ме учеле да помагам и да бидам добра личност зошто за таквите личности секогаш има награда.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-da-ti-go-pravat-03.jpg

Најинспиративен филм...

Најиспиративен филм ми бил „If only“ одличен филм и топло го препорачувам. Темата е дека многу пати не сме свесни за тоа што го имаме сè додека не го изгубиме и што би направиле ако животот ни даде втора шанса.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-da-ti-go-pravat-01.jpg

Најинспиративен артист...

Дефинитивно Аријана Гранде.

simona-popovska-ne-pravi-im-go-na-drugite-toa-shto-ne-sakash-tebe-da-ti-go-pravat-05.jpg

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влатко Стефановски: Денес сите песни личат една на друга, како подгреа... Седнавме на кафе со Влатко Стефановски во гимназијата од каде почнува целата нег...
Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Актерката Ирена Илиевска: Со непријателот секогаш играј на негов терен... Габриел Гарсија Маркес е нејзиниот омилен писател, а секоја препрека во животот ...