Oдговори прашање и добиј бесплатна бизнис обука

odgovori-prasanje-i-dobij-besplatna-biznis-obuka-povekjeCRNOBELO.com и ПСМ Фондација ве наградуваат со бесплатни обуки во рамките на Вип Македонскиот Предизвик!

Сè што треба да направите е да одговорите на наградното прашање:

Која апликација победи на изминатиот Вип Андроид Предизвик во 2010 година :

  1. Мy Bank Macedonia
  2. Spotme
  3. Поправи.мк
  4. Diskoteki


По случаен избор двајца учесници кои ќе го одговорат точно прашањето ќе бидат наградени со бесплатна обука за започнување бизнис.

Имено, во рамките на „Вип Македонскиот Предизвик“ ПСМ Фондација, Vip Оператор, Еферио и Самсунг, најавија серија на обуки создавање на нови иновативни Андроид апликации, како и за изготвување на модел за нивна комерцијализација.

Почнувајќи од 24ти септември во просториите на ПСМ инкубаторот ќе се организира серија на обуки за Развој на мобилни апликации, кои ќе ги водат предавачи од компанијата CodeWell со цел да создадат нови програмери за мобилни апликации кои ќе имаат локална примена и ќе го збогатат Македонскиот свет на Android апликации. За да ја погледнете комплетната агенда на обуката клинете на следниов линк.

За да се зголеми и квалитетот на финалните апликациво рамките на Предизвикот, предвидени се и обуки за започнување бизнис, кои на учесниците треба да им помогнат во изготовка на стратегија за комерцијализција и генерирање на приходи преку нивната апликација. Покрај ентузијастите кои ќе учествуваат на Предизвикот, овие обуки ќе бидат отворени и за сите оние кои се заинтересирани за започнување на сопствен бизнис и претприемништво.

Учесниците на обуките ќе имаат прилика да се натпреваруваат во дополнителната категорија Дебитант на Предизвикот и да добијат награда: договор за поделба на приход од  80% за програмерот/ тимот, бесплатна промоција на апликацијата од страна на Вип оператор во период од 3 месеци и Samsung Galaxy SIII.

Одговорите испраќајте ни ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., добитниците ќе бидат објавени во овој пост во сабота 22.09.2012 во 15.00 часот.

Добитници на бесплатни обуки се:

1. Mladen Davidovik
2. Kristina Nikolovska

Би можело да ве интересира:

Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg