Што кога не смеете да го напуштите ужасното работно место заради платата?

Незадоволни сте со својата работа, но би било луксуз ако се откажете од платата која моментално ја примате?

sto-koga-ne-smeete-da-go-napustite-uzasnoto-rabotno-mesto-zaradi-platata-01

Не сте ни први ни последни. Затоа, започнете по редослед:

1. Откријте што ве прави среќни: Позиција или професија?

Понекогаш, незадоволството на работното место се појавува заради напорниот шеф или лошата работна околина. И во моментот кога сте решени дека сакате да ја напуштите фирмата, размислете што ве прави несреќни.

Дали би сакале да ја промените професијата или пак својата позиција?

Ако сакате целосно да ја промените професијата, тогаш подгответе се за напорна работа и зајакнување на самодовербата.

2. Штедете

Иако сте откриле со која професија сакате да се занимавате, ќе ви биде потребно време и пари додека да добиете ново работно место. Во меѓувреме, ќе живеете од заштеда, бидете свесни за тоа.

Не заборавајте дека ќе мора да си ги скратите оброците во блискиот ресторан, таксито ќе го замените со градски превоз, а секако ќе треба да започнете и со штедење на струја.

Потребни ќе ви бидат 4-6 месеци додека да најдете ново работно место, а за да го избегнете стресот за тоа време додека сте дома, заштедете пред да ја напуштите сегашната позиција.

3. Размислувајте за следниот чекор

Ако моменталната работа ви одзема премногу време и не можете да ги испланирате следните чекори, тогаш доволно е на вага да ги ставите следните придобивки: престиж, висока плата или помагање на другите.

Пред да започнете со потрагата на ново работно место задолжително одредете ги своите приоритети. Сè останато размислувајте додека трчате, пешачите, јадете, се туширате...

4. Соберете храброст и дајте отказ

Причината заради која многу луѓе остануваат несреќни на работното место е платата која им овозможува храна и место каде живеат. Но, мора да се запрашате, дали цел живот сакате да работите заради тоа?

Зарем не сакате да имате возбудлив живот, да почувствувате страст, да се пронајдете себеси?

sto-koga-ne-smeete-da-go-napustite-uzasnoto-rabotno-mesto-zaradi-platata-02

5. Пронајдете поддршка

Пронајдете човек кој ќе ве поддржува безрезервно. Мајка, татко, пријател, момче... Важно е да најдете човек кој го поминал истото што и вие до сега.

6. Поставете си помали цели

Затоа што планирате огромна промена во вашиот живот, ќе ви биде многу полесно да започнете чекор по чекор. Не се залажувајте со ситници, но и не се измачувајте со недостижни цели.

7. Верувајте

Веројатно ќе бидете преплашени и ќе мислите дека сè ви оди наопаку. Веројатно ќе ви се плаче.

Но, никогаш не заборавајте дека кога за 10 години ќе погледнете наназад, отказот ќе биде најдобрата работа која некогаш сте ја направиле за себе.

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg