Како да останете продуктивни во текот на целиот ден?

Голем број од луѓето работат повеќе од 40, 50 или 60 часа во неделата, што е исцрпувачки за секој организам.

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-01

Сè помалку време посветуваме на квалитетот на животот, додека сме во постојана трка со бројките и времето.

Затоа, ви помагаме со овие 5 утрински трикови кои се богатство за вашата продуктивност:

7 минути вежбање

Се прашувате зошто 7, а не точно 10? Затоа што 7 минути се доволни за да не ви се изместат останатите утрински навики, но и доволни се за да го разбудат вашиот организам.

Затоа, уште денес пронајдете ја својата омилена 7-минутна програма и утре разбудете се подготвени за активно „Добро утро!“

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-02


Зелен шејк

Зелениот густ витамински пијалак е уште една работа на која вашето тело ќе му биде вечно благодарно.

Сите знаете дека појадокот е важен, но освен што треба да ја усвоите таа навика, важен е изборот на намирници со кои го започнувате денот.

Брз, евтин и едноставен зелен шејк е оној кој се состои од банана, јаболко, портокал, спанаќ, половина краставица и ленени семки.

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-03


Зацртајте си 3 работи кои треба да ги завршите денес

Секако, тоа не треба да се грандиозни постапки кои ќе ве преморат. Доволно е на еден лист хартија да запишете 3 нешта кои на крајот од денот ќе ве направат годи, исполнети и задоволни.

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-04


Научете да го организирате времето

Сигурни сме дека безброј пати сте се нашле во ситуација кога 24 часа во денот ви се едноставно премалку!

Најважно е големите проекти и цели да ги поделите во помали целини. Во календарот запишете го времето на нивно извршување и додадете барем уште 30 минути плус.

На крајот од денот подобро е да имате 2 часа слободни, отколку да ви е потребен ден од 26 часа.

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-05


Одморете

Не заборавајте дека неопходен ви е одмор од 15-30 минути во текот на 8 часа работа.

Наречете го тоа пауза или професионална медитација, потполно е сеедно, само важно е да сте подалеку од компјутерот, мобилниот телефон и сите предмети кои ви го одвлекуваат вниманието.

5-pravila-koi-ja-otkrivaat-tajnata-na-produktivniot-den-06

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg