Ја изгубивте работата? Честитки!

Ја изгубивте работата и ви се сруши светот. Не знаете што ќе правите со себе, имате време кое не знаете како да го искористите. Не знаете како ќе ги платите сметките.

ja-izgubivte-rabotata-cestitki

Не се грижете. Тоа не е нјлошата работа која можела да ви се случи. Да немате работа може да биде и исклучително добра работа.

Не верувате?

Насочете се кон вашите соништа!

Познато е дека повеќето луѓе не ја сакаат својата работа, дека се мачат и психички и физички само затоа што моментално нема подобра можност, а мора да се живее од нешто.

Меѓутоа, сега кога сте без работа, имате шанси да се соочите со тоа дека не е толку лошо ако немате работа. Затоа внимателно барајте нешто што ве исполнува, поради кое нема да го мразите понеделник или кој било работен ден во неделата, туку ќе уживате во работата.

Уживајте.

Замислете дека сте на одмор или продолжен викенд. Од кога не сте одвоиле време за себе? Од кога не сте посетиле некои роднини или пријатели, не сте биле на театар, не сте изгледале добар филм и не сте прочитале некоја книга?

Запомнете го важното!

Како и партнерите, така и работните места во денешно време доаѓаат и си одат. Тие се нужно зло.

Што е поважно: Здравјето или работата? Семејството или работата? Пријателите или работата?

Понекогаш сѐ што треба да ви се случи е да ја изгубите работата за да ви се случат мнигу поубави работи во животот.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg