Ризикувајте и земете ги работите во свои раце

Животот е низа од пресметани ризици. Сѐ што ќе одлучите да направите, со себе носи доза на ризик. Ништо не може да биде сто проценти сигурно и токму затоа сѐ што ќе се обидете има еднакви шанси и да успее и да не успее.

rizikuvajte-i-zemete-gi-rabotite-vo-svoi-race-01

Во животот ризикуваме сѐ, секој ден, а често и без да сме свесни. Секогаш постои шанса дека нема да стигнеме каде што сме тргнале или дека утре нема да се разбудиме. Во животот сѐ се врти околу ризиците, но целта е да знаете кои да ги избегнете, а кои да ги прифатите.

Тргнете по помалку познат пат

Доколку секогаш одите на исти места или патувате по истиот пат, како да не ви биде досаден животот? Тргнете таму каде што не одите вообичаено и подгответе се за нови и интересни доживувања.

Ризик од одбивање

Девојката во еден бар, момчето во дискотеката, ви се допаѓа? Пријдете, запознајте се! Најлошото нешто што може да ви се случи е да бидете одбиени, односно да не ви се случи ништо. Не бидете егоисти и не се плашете од одбивање, бидејќи така секојдневно пропуштате шанси да ви се случи нешто неверојатно.

Ризикувајте да не ја добиете работата

Завршивте факултет. Магистриравте. Завршивте курс за некој странски јазик. Сега логично е да ја најдете работата од соништата. Е, па, не оди тоа баш така. Бидете подготвени да одите на многу разговори, интервјуа, да бидете одбиени и разочарани, па дури потоа може да ги остварите своите соништа. Важно е да не се откажете на почетокот, бидејќи така сигурно нема да го добиете тоа што го сакате.

Ризик од пропуштање на нешто

Се плашите дека ако се вработите ќе станете досадни во друштвото, дека нема да имате сила, а ни време за излегување и дека само ќе сонувате за луди авантури и непреспиени ноќи? Па, многу е веројатно дека е точно, но не е во ред. Мора да жртвувате нешто за да добиете нешто повеќе. Ако претходно сте се забавувале, сега е време за работа, а потоа ќе може да уживате во она што сте го заработиле.

rizikuvajte-i-zemete-gi-rabotite-vo-svoi-race-1

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg