5 совети од Ана Винтур за успешна кариера во секоја работа

Почнете да работите дури и ако тоа не е работата од вашите соништа. Учете од професионалци и бидете свесни за важноста на своето однесување, се само дел од рецептите на патот до успехот на жената која веќе со децении е број еден во својата професија.

5-soveti-od-ana-vintur-za-uspesna-kariera-vo-sekoja-rabota-01

За да изградите успешна кариера, потребно е многу вложување, работа, жртви и одрекување. Исто така, постојат и правила кои мора да ги почитувате ако сакате да бидете успешна деловна жена.

Една од најпознатите жени во светот на модата и уредничка на престижниот магазин „Вог“, јавно споделува пет совети за успешна кариера во секоја работа.

1. Учете од професионалци, сосема е во ред да имате надредени

- Малкумина се оние кои веднаш по завршување на образованието започнуваат сопствена работа и успеваат. Работете за професионалци од кои ќе научите многу.

2. Размислете ги вашите долгорочни цели

- Во овој свет можеш да станеш славен преку ноќ. Со помош на која било интернет социјална мрежа може да те има секаде, но да се биде успешен на долги патеки е нешто сосем друго.

3. Вашата личност и вашето однесување се многу важни

- Во денешно време мора да бидете покомуникативни. Не може да бидете повлечена, срамежлива личност која не може никого да погледне во очи.

Мора да знаете да се претставите. Мора да знаете како да зборувате за својата визија, фокусот и верувањата.

Ако не можете вие да бидете страствени за тоа што го правите, како да бидат другите кои ве слушаат?

4. Почнете да работите дури и ако тоа не е работата од вашиот живот

- Вработете се, без разлика дали работите како дизајнер или во ресторан, па во слободно време работете го она што го сакате.

5. Најдете си ментор

Важно е да имате некој со кого ќе разговарате и ќе дискутирате за професионалните идеи.

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg