Заради овие грешки никогаш нема да напредувате на работното место

За да бидете успешен вработен не е доволна само вашата диплома или искуство, туку и вашиот карактер и личност.

zaradi-ovie-greski-nikogas-nema-da-napreduvate-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Не заборавајте, работодавците прво бараат професионална личност, а потоа диплома и затоа мора да научите да ги избегнувате некои од најчестите грешки кои се прават на работното место.

Колку и да мислите дека тие се ситници и не се од голема важност, сепак тие одразуваат врз напредокот на вашето работно место. 

Озборувања

Она што не смеете да го правите на работното место е да озборувате. Никогаш не знаете што навистина мисли вашиот соговорник или кој е миленикот на вашиот работодавец. Не заборавајте дека на работното место сте со една намера, а таа е да работите. Пред да почнете да озборувате сетете се на овој цитат од Сократ: „ Силните умови дискутираат идеи, просечните дискутираат настани, а слаби умови дискутираат луѓе. ”

Низок морал

Проблемите со нискиот морал стануваат се почести на работното место. Обидете се моралот да го задржите на соодветна висина и пробајте да гледате оптимистички на работите. Колку полошо гледате на работите толку помалку почит ќе имате во очите на вашите колеги. Никој не сака да соработува со луѓе со низок морал, зарем би сакале вие некој таков колега во вашиот тим?

Конфликти

Кажете им НЕ на конфликтите на вашето работно место и создадете си пријатна работна атмосфера. Само така одењето на работа ќе ви стане убаво и нема да бидете преокупирани со нервоза и лоши мисли. Најдобар начин да ги отстраните конфликтите е секогаш да барате соодветен компромис и истиот да го прифаќате.

zaradi-ovie-greski-nikogas-nema-da-napreduvate-na-rabotnoto-mesto-02.jpg

Кршење на правилата за облекување

Лето е, температурата расте и некогаш навистина не се издржува во гардеробата која е пропишана на работното место. Но, тоа во ниеден случај не значи дека треба да одите во кратки панталони, мини здолништа, деколтирани маици... Секогаш одбирајте соодветна и лесна гардероба, но никогаш не покажувајте премногу голотија на работното место. Внимавајте што облекувате за да не се стекнете со лоша репутација која се одразува на вашето работно место и професија.

„Тоа не е моја одговорност”

Без разлика, завршете ја работата. Понекогаш ќе добиете работа која не е во вашиот домен, но не велете ништо и завршете што ви е дадено. Ако сакате да добиете унапредување мора да умеете да се снаоѓате на повеќе работни позиции. Затоа следниот пат, прифаќајте без размислување.

Тимски играч

Не одбивајте тимска работа, бидејќи преку неа ќе умеете да ги покажете вашите менаџерски способности. Преку тимската работа ќе развиете одлични комуникациски вештини со останатите вработени.

Во однос на хуморот...

Избегнувајте некого да исмејувате или да кажувате политички односно религиски вицови. Обидете се валканите и останатите шеги да ги зачувате за надвор од работното место.

Работните места се исполнети со одредени правила кои мора да се почитуваат. Затоа заборавете на лошото однесување и додека сте на работната маса фокусирајте се на вашето унапредување. 

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg