Работа од соништата: Тргнете по она што од секогаш сте го сакале

Дали од секогаш сте посакувале да работите некоја друга работа, но никогаш не сте имале храброст да се занимавате со истата?

rabota-od-sonistata-trgnete-po-ona-sto-go-sakate-1

Секој има своја замислена професија без разлика дали станува збор за музика, економија, медицина... Но ретко кој навистина успева да се избори за својата работа од соништата и гордо да каже дека го работи она што отсекогаш го сакал.

Но, доколку не пробате не можете да знаете и затоа најдобро е да си олесните себеси, да ги отфрлите сите сомнежи и да тргнете по работата од соништата.

1. Подгответе се колку што можете повеќе

Без разлика дали станува збор за напредување или префрлување од едно во друго работно поле, за да успеете мора да бидете 100% подготвени за таа транзиција. Истражувајте повеќе околу она што го сакате и учете нови работи.

2. Нови контакти

Полесен начин да добиете целосен поглед и пристап до вашата работа од соништата е да остварите нови контакти со луѓето кои ја работат таа работа. Така ќе дознаете повеќе околу начинот на функционирање на работата, сите предности, но и негативности кои постојат.

3. Наместо да си велите „Што ако не успеам?”, пробајте поинаку

Ако не успеете, секако резултатот е јасен, но да погледнеме од друга перспектива што ако успеете? Тогаш ќе бидете среќник кој си работи својата професија од соништата. Звучи примамливо, зарем не?

4. Фокусирајте се на вашите предности

Заборавете на слабостите и мислете на сите позитивни карактеристики кои ги поседувате и заради кои токму таа професија би добила одличен вработен.

rabota-od-sonistata-trgnete-po-ona-sto-go-sakate-2

5. Чекор по чекор

Никој не ви вели дека веднаш треба да се впуштите во работата или во нејзина потрага. Одете чекор по чекор и истражете го вашето опкружување и најважно од сè проширете ги вашите хоризонти.

 6. Претворете го стравот во возбуда

Стравот и возбудата се две меѓусебно слични емоции и двете ја имаат моќта да го засилат вашето чувство кон остатокот од светот. Единствената разлика кај овие емоции е што едната ве повлекува назад, а другата ви прави да посакате повеќе.

7. Фантазирајте

Замислете се како ја работите својата работа од соништата. Доколку е медицина, замислете се во белиот мантил, доколку е економија замислете се на менаџерското место. Дозволено ви е да фантазирате, а на тој начин вашиот мозок добива јасна порака за целите кои сакате да ги постигнете. 

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg