Мали тајни: Бидете среќни и мотивирани на работното место

Ако се чувствувате несреќни на работното место и сметате дека токму тоа е изворот на вашиот секојдневен стрес, тогаш време е за некои ситни промени кои ќе се одразат на големо врз вашата среќа и мотивација.

mali-tajni-bidete-srekjni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-1

Променето го вашето опкружување, почнувајќи од себе и искористете ги овие мали тајни кои ќе ви помогнат полесно да ги пребродите тешкотиите.

Од сега дома враќајте се насмеани, среќни и мотивирани:

1. Секојдневни мали резолуции

Секое утро започнувајте го со ново донесена одлука на која ќе работите целиот ден. Поставете си мали цели како јавување на телефон со насмевка, дружење со колегите или клиентите.

2. Што сакате вие ?

Пред секој состанок или нов проект, запрашајте се себе што сакате вие  да извлечете од оваа работа? Кога искрено ќе си одговорите на ова прашање, работата ќе ви оди полесно, но и со намален стрес.

3. Проширете го хоризонтот

Популарно кажано, ако сакате да размислувате „надвор од кутијата”, односно да ги проширите вашите хоризонти, запрашајте се заради која причина тие се стеснети? Зошто престанавте да гледате пошироко од останатите?

mali-tajni-bidete-srekjni-i-motivirani-na-rabotnoto-mesto-2

4. Сочувството нека ве води низ конфликти

Во конфликтна ситуација секогаш слушнете што има да каже другата страна. Ситуацијата никогаш не е црно-бела, има и други бои само мора да погледнете подлабоко за да ги забележите.

5. Пред да пратите некому електронска пошта...

Прво испратете си ја себе. Кога пораката прво ќе си ја испратите себе и ќе ја прочитате од страната на примателот, а не испраќачот, тогаш ќе стекнете вистински прв впечаток за таа порака. На тој начин си давате можност на време да ги коригирате грешките, кои би можеле лошо да се одразат на вашата работа.  

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg