Ги имате овие симптоми? Време е да земете слободен ден

Заморот и стресот кои ги носи секоја работа, често пати го одредуваат вашето ментално здравје. И додека поголем дел од луѓето само зборуваат за проблемите, попаметно би било да преземете нешто за да го сочувате својот разум.

gi-imate-ovie-simptomi-vreme-e-da-zemete-sloboden-den-01.jpg

Она што ги спречува луѓето да земат слободен ден е стравот дека тој ќе се одрази на нивната кариера или пак соработниците ќе ги доживеат како неодговорни.

Но, сега е време да ги разрушите овие митови и да земете слободен ден ако имате барем еден од овие четири симптоми:

1. Имате проблем со спиењето

Доколку одеднаш имате проблем со спиењето и несоници, време е да одвоите малку време за себе. Недостатокот на сон може да ве доведе до поголем стрес, кој подоцна повторно ви го попречува сонот. Не дозволувајте да западнете во овој затворен круг, туку дајте си слободни 24 часа.

2. Викендот не ви е доволен

Тука не се вбројува мрзеливоста или непријатното чувство затоа што знаете дека е понеделник, туку продуктивниот викенд во кој немавте време за одмор. Доколку не можете да се ослободите од стресот затоа што работевте во саботата и неделата, време е за слободен понеделник.

3. Кога не се однесувате добро кон другите

Секогаш внимавајте на односот кон вашите соработници, партнерот, децата, пријателите. Ако не сте во можност да бидете добри кон луѓето во мерката која сакате да бидете, тоа е уште еден сигнал дека ви е потребен одмор.

4. Кога едноставно не ви е грижа

Ако забележувате одбивност или помирување со ситуацијата, и вашиот најчест одговор е „Не ми е грижа,“ тогаш тоа е денот кога треба да останете дома.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg