Како управувате со моќта на зборовите?

Пред некој ден колешка, која е задолжена за продажба на нашите производи и услуги, ми рече: „Петар, ми фалат зборови кога продавам. Не знам понекогаш што да кажам, т.е. како да продолжам во комуникацијата“.

kako-upravuvate-so-mokta-na-zborovite-01

Во суштина не ѝ фалат зборови. Проблемот не е во количината на зборови, туку во вистинскиот избор и нивниот распоред. Понекогаш само со менување на редоследот или изборот на зборови (збор), може да се добие сосема друга конотација и поента на реченицата.

Зборовите имаат огромна моќ и влијаат во нашата секојдневна комуникација и живот, воопшто.

Ја знаете онаа приказна за слепиот бездомник што просел?

Додека на знакот му пишувало „слеп сум, помогнете ми“, минувачите му давале некои ситни парички. Но, кога некој минувач му го сменил текстот на знакот, наеднаш сите почнале да му даваат многу повеќе пари на бездомникот. На знакот пишувало: „Надвор е прекрасен ден, а јас не можам да го видам“.  

kako-upravuvate-so-mokta-na-zborovite-2

Зборовите може да те насмеат, зборовите може да те растажат. Зборовите може да те возбудат, да те смират, да предизвикаат омраза, насилство, војна или љубов, среќа и мир.

Со зборови може да нè внесат во состојба на хипноза, со зборови може да манипулираме со другите (тоа многу се користи во маркетингот и продажбата).

Магионичарите употребуваат „магични“ зборови во своите магии, религиозните луѓе моќта на зборовите ја користат преку молитвите, источниците преку мантрите, а западната психологија тоа го нарекува, моќта на потсвеста.

Една од силните карактеристики на Стив Џобс беа неговите презентации и презентерски вештини.

Тој имаше моќ да влијае магично на своите соговорници. Анализите покажаа дека еден од најважните фактори кој влијаел на уверливоста на неговите презентации, се зборовите што тој ги користеше во нив.

Тој користеше многу моќни зборови, кои потсвесно влијаеја на слушателите: фантастично, невидено, неверојатно, оригинално, супериорно, феноменално, за првпат, најдобро во свет, инспиративно, магично, иновативно итн.

„Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови, внимавајте на вашите зборови тие стануваат акции, внимавајте на вашите акции тие стануваат навики, внимавајте на вашите навики тие стануваат карактер, внимавајте на вашиот карактер тој станува судбина“.  – Сун Цу. 

kako-upravuvate-so-mokta-na-zborovite-1.jpg

Во прилог имате неколку совети кои треба да ги имате предвид следен пат кога ќе употребите некој збор со цел да пренесете некоја порака, да кажете некому нешто, да примите информација или да се разберете во некоја дискусија:

Свесност: пак на цврсто прво место. Мора да сме свесни дека зборовите имаат огромна моќ, дека имаат влијание.

Од друга страна ние најчесто не сме свесни како ги употребуваме зборовите. Треба повеќе да мислиме, бидејќи во спротивно разликите и неразбирливоста во комуникацијата ќе биде уште поголема.

Мислете повеќе: мислете пред да кажете нешто. „Двапати мери, еднаш сечи“ рекле старите. Клише, сите го знаеме, а колку го употребуваме вистински?

Мислете како зборовите ќе се одразат на соговорникот, мислете каков индиректен ефект ќе имаат зборовите, како ќе ја пренесат нашата порака, дали правилно сме го направиле изборот, редоследот или начинот на кој се кажани. И да знаете, ова е сериозна когнитивна способност. Ако ви е тешко не се грижете, само продолжете да работите на тоа.

Дефинирање на значењето на зборовите: Проблемот во комуникацијата е тоа што ние уште на почеток не можеме да се разбереме. Тоа е поради фактот што сите ние уште пред да почнеме со разговорот, тргнуваме од различна појдовна точка.

„Почеток на мудроста е во дефинирање на поимите“. - Сократ

Тоа значи дека еден збор за мене има една перспектива, а за тебе друга. Ако дискутираме за љубовта, прво треба да дефинираме што е љубов за мене, а што за тебе.

Научете да молчите: една мудрост вели: „Ако ја знаевме моќта на зборовите, многу често ќе премолчевме во негативни ситуации“.

Понекогаш и не мора да кажеме сè што ни лежи на душа. Треба да сме мудри и да знаеме кога да кажеме, а кога да премолчиме. Ефектот на кажаното може да е повеќе негативен од ефектот на премолченото.

Трансформациониот вокабулар значи контрола на „навикнатиот“ вокабулар и користење на зборови кои ќе го промената нашиот живот.

Основата на овој концепт лежи во тоа дека зборовите што се дел од нашето искуство, стануваат нашето искуство (судбина).

Ова значи, наместо употреба на зборови кои се оружје, да се употребуваат како алатка:

Оружје

Алатка

Да се обвини

Да се разјасни

Да се наметне

Да се објасни

Да се излаже

Да се охрабри

Да се војува

Да се ослободи

Да се осудува

Да се усогласи

Да се нападне

Да се протестира

Да се обесхрабри

Да се обучи

Позадина на зборовите не е иста.

Уверување (у-вера) ≠ Убедување (у-беда)

Во секојдневната комуникација ние многу често се „Убедуваме“ за некои работи.

Зборовите може да повредат или излекуваат некого! Што направија вашите зборови денес?

Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.com
www.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg