Што ми се случи откако дадов отказ и почнав да го следам својот сон?

Работев во фабрика за производство на чевли, иако отсекогаш сум посакувал да бидам сликар.

dadov-otkaz-i-pocnav-da-gi-sledam-moite-sonista-se-sluci-cudo-1

Како мал ме учеа дека уметноста е ефтина професија од која не можеш да преживееш.

Иако оваа реченица длабоко ми беше врежана во мозокот, секогаш се чудев кога во дневната соба ќе закачеа некоја скапа слика вредна илјадници долари, се прашував зошто кога уметноста е ефтина, нејзините слики се продаваат толку скапо?

Завршив средно образование, а потоа и факултет кој ми беше преодреден од моите родители и на крај завршив како обичен работник во фабрика за чевли што немаше никаква допирна точка со моето образование.

Секоја вечер пред да си легнам, седев во својата соба над масичката, со моливот во рака и цртав, тоа беше мојот талент, сликањето.

Од сон премина во хоби кое што никогаш немав храброст да го истакнам и да го преобразам во работа. Знаев дека доколку го работам тоа што го сакам ќе бидам среќен, но постојано го одложував, стравувајќи од неуспех и реакцијата на моите родители.

Одев на работа секој ден, без желба и надеж за подобри денови, бев како птица во сопствен кафез, го чував клучот во мене, но сепак не сакав да ја отворам вратата и да полетам кон своите соништа.

Еден ден сето тоа ми дојде преку глава, сфатив дека немам време, животот е краток за да продолжам да го правам она што не го сакам само поради стравот и правилата кои ми ги наметнале други, а јас морав да ги почитувам.

Дадов отказ, се отселив од семејната куќа и изнајмив стан во центарот на градот кој имаше поглед врз неговата панорама која знаев дека ќе ме смирува во моментите на вознемиреност кога ќе останам сам со својата четка.

dadov-otkaz-i-pocnav-da-gi-sledam-moite-sonista-se-sluci-cudo-2.jpg

Знаев дека таа панорама во која ќе ја гледам маглата како ги покрива светлата на домовите, во пригушен тон ќе биде моја инспирација, моја муза која ќе ми вдахне сила и умешност да ги насликам најубавите слики и да го извадам најдоброто од себе.

Бидејќи ако не го сторев тоа, ќе пропаднев. Немав работа, но живеев од мојата заштеда за црни денови убеден дека наскоро мојот талент ќе ми донесе успех.

Деновите изминуваа, ноќите застанати во времето беа искажани на платното на моите слики, бев горд на своите дела и верував дека можам да постигнам многу.

Во центарот на градот имаше изложба на слики на која можеа да учевствуваат сите слободни уметници промовирајќи ги своите слики.

Таквите изложби ги имаше неколку во месецот, бев на сите, луѓето ги купуваа моите слики, но тоа не беше доволно за да бидам задоволен.

На последната промоција кога веќе се бев откажал од голем успех и бев задоволен од просечното продавање на моите слики ми пријде еден старец кој беше елегантно облечен и мирисаше на пари. Можев да ги препознаам таквите од далеку.

Бил сопственик на галерија и сакал да ги откупи сите мои слики, а воедно и да ме вработи во неговото ателје со мошне пристојна плата за која можев само да сонувам дека некогаш ќе ја заработам од моето сликање.

Секако дека прифатив, а во тој момент сфатив дека чудата се случуваат кога најмалку ги очекуваме.

Тогаш сфатив дека отказот во фабриката по цена на моите соништа беше најдоброто нешто што досега сум го направил, беше чудо!

dadov-otkaz-i-pocnav-da-gi-sledam-moite-sonista-se-sluci-cudo-3

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg