4 реченици кои секој работник сака да ги слушне од шефот

Да се најде работа во денешно време е еднакво на чудо, а да се има добар шеф – уште поголемо чудо. Сепак, некои ја имаат среќа да ги имаат и двете и искрено им завидуваме на таквите.

4-recenici-koi-sekoj-rabotnik-saka-da-gi-slusne-od-shefot-01.jpg

Во меѓувреме, еве кои четири реченици сака да ги слушне секој работник од страна на својот претпоставен на работното место:

„Одлично напредуваш“

Вие секако сте свесни дека вложувате многу труд и давате сè од себе на работа, но чувството да се добие таква пофалба е скапоцено. Едноставно се охрабрувате и се мотивирате. Воедно, сфаќате дека шефот е емпатичен, ја забележува вашата трудољубивост и не е горделив или егоистичен, некој кој сака да се истакнува само себеси, туку ги истакнува и оние кои вредат.

„Ти благодарам“

Точно, вие сте на работа да работите и сте платени за тоа. Но, добрите зборови како те молам или благодарам не попусто отвараат железни врати. Доблеста да се каже благодарам зборува дека никој не ве зема здраво за готово и сте почитуван и ценет. А секој сака да се чувствува така на работното место.

„Среќен сум што си дел од тимот“

Цело е кога има сè, и вие сте дел од целото. Колку е непријатно да се слушне она добропознато – Никој не е незаменлив. Ви се вртат цревата, ви доаѓа да врескате. Наместо таа изрека, шефот ви кажува дека е среќен што сте незаменлив дел од тимот и вршите одлична работа.

„Ќе добиеш покачување на платата“

Музика за нашите уши, јаготка на тортата, сублимат на сите горенаведени пофалби. Убаво е кога се добиваат и слушаат, но на крајот од денот тапкањето по рамо не вреди ништо без финансиска сатисфакција.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg