5 пози во кои ќе се ослободите од стресот за 2 минути

Психологот Ејми Кади вели дека нашите гестикулации се предодредени од помислата што другите луѓе мислат за нас.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-05 copy copy copy

Што е уште поважно тоа има огромно влијание врз нашата самодоверба.

Во стресни ситуации имаме тенденција да го згрчиме телото, што остава негативен впечаток ред луѓето чие мислење ни значи.

Токму затоа психолозите постојано зборуваат за голем број на техники со кои може да се надмине стресот.

Тие дури истакнуваат дека самото исправено држење на телото може да направи да се почувствуваме посигурно и посамоуверено.

Следниве пет техники ќе ви помогнат да го надминете стресот и да бидете способни за трезвено донесување одлуки.

1. Положбата на телото зборува многу за вашата личност. Луѓето кои зрачат со самодоверба имаат крената глава и цврст и решителен став, за разлика од луѓето кои стуткано седат со срамежлив поглед.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-01 copy


2.
Главната разлика меѓу луѓето полни со самодоверба и оптимизам е разликата во хормоните тестостерон и кортизол. Тестостеронот е познат и како хормон на лидерите и значително повеќе се ослободува кај луѓето со самодоверба за разлика од коритизолот кој е познат како хормон на стрес.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-02 copy


3.
Во рамките на едно истражување од испитаниците било побарано да седат во „силна“ и „слаба“ положба. Резултатите покажале дека седењето во првата положба го зголемило нивото на тестостерон за 20%, за разлика од втората каде истото ниво се намалило за 20%.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-03 copy


4.
Кога ви претстои некој важен настан застанете пред огледало во „силна“ положба. Тоа ќе ја намали напнатоста и ќе ви помогне подобро да се сконцентрирате.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-04 copy


5.
Телото ја менува нашата свест, а нашата свест го менува нашето однесување, кое пак влијае на исходите во важните ситуации. Имајте го ова на ум и нештата ќе бидат многу полесни.

5-nacini-kako-da-se-spravite-so-stresot-za-2-minuti-05 copy

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg