5 начини како сигурно да добиете стипендија

Едно од најубавите чувства е кога ќе бидете на градени за својот труд. Посебно ако сакате да си ја пробате среќата во странство. А таму, универзитетите се скапи, а конкуренцијата е огромна. Родителите сигурно ќе ви ги дадат сите свои пари, но ниту тие не се доволни за да ја обавите оваа обврска во животот, посебно, ако аплицирате на странски универзитет. Досега е докажано дека стипении се доделуваат на оние кои заслужиле.

5-nachini-kako-sigurno-da-dobiete-stipendija-01

Ќе ви ги покажаме 5-те начини како да се најдете на тој список.

Спортувајте

И тоа не само за да бидете поздрави, туку праксата покажала дека спортистите имаат предност пред останатите кандидати. Спортот се цени како активност многу, посебно во странство. Ако имате спортски активности и натпревари во СV, сметајте се за кандидати во потесен круг.

Волонтирајте

Повеќето невладини организации земаат средношколци и студенти за волонтери. Волонтирајте во локалната заедница или пријавете се во некоја поголема компанија. Колку повеќе волонтерски искуства, толку поголеми шанси за саканата стипендија. Освен доброто CV ќе имате и навистина фино искуство за понатаму во животот.

5-nachini-kako-sigurno-da-dobiete-stipendija-02

Откријте ги вашите корени

Има многу стипендии кои се доделуваат на одредени групи: етнички заедници, припадници на националности, припатници на религии. Побарајте ваш корен кој ќе ве поврзе со нештото што го сакате. Нормално, доколку постои.

Воспоставете контакт

Упорноста е клучна. Обидете се да одржувате пријателски контакт со некој од организацијата која ја дава стипендијата. Не од корист, туку за оставање посилен впечаток. Градење релации со посета, телефонски повици или подарок од матичната земја и слично. Тоа ќе ве одвои од толпата и надежно, ќе оставите впечаток дека навистина се интересирате. Така, кај луѓе што проверуваат по 100 апликации на ден, може да направите разлика.

Аплицирајте во раните рокови

Раното аплицирање исто така е начин да издвојување од толпата. Подобро ќе ве запомнат кога ќе бидете пристигнати само неколку апликанти. Сите чекаат во последен миг. И кога ќе пристигаат новите апликации ќе ги споредуваат со вас. Тие што пристигануваат после вашата апликација ќе се натпреваруваат со вас, а не вие со нив.

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg