3 изговори зошто не ја напуштате работата која ви ја цеди душата

Сите сме согласни дека во време како денешното навистина е тешко да се најде добра работа. Но, вообичаено и за жал, лошите аспекти од работата натежнуваат над добрите на кантарот.

3-izgovori-zosto-ne-ja-napustate-rabotata-koja-vi-ja-cedi-dusata-01.jpg

Сепак, ретко кој се решава да направи промена на работното место или да си даде отказ.

Ова се трите изговори кои најчесто си ги кажувате сами на себе и не мрдате од мртвата точка:

„Немам време да си го средам CV-то“

Пријателите веќе немаат нерви да ги слушаат вашите жалби и поплаки во врска со работата. Кога ве прашуваат зошто не преземате ниту најмала иницијатива за промена, вие одговарате дека CV-то ви е хаотично и немате време да го средите.

Тоа секако – е лага. Доколку вистински посакувате да го смените работното место мора да вложите малку напор, а средувањето на професионалното резиме е минимален почетен чекор кој треба да го направите.

„Можеби не е толку лошо како што си мислам“

Некој ден на работа е малку подобар од останатите. Тогаш се враќа тој добропознат оптимизам кој успева да ве залаже. За момент вие сте среќни и комфорни во својата зона.

Момент подоцна лажниот оптимизам и позитивна енергија се уриваат како кула од карти. Одеднаш сте свесни за сите лоши и негативни работи кои ви се случуваат, мобингот, платата која е ниска и згора на сé доцни, шефот кој не умее да менаџира...

Секако дека ситуацијата е реално лоша како што веќе знаете дека е. Еден добар ден на работа не го менува тоа.

„Сигурно и следната работа ќе биде иста како оваа“

Па зошто тогаш би се мачел/а да правам промена? Зошто да се малтретирам и да си го губам времето?

Затоа што ништо нема да постигнете без малку ризик и добра волја. Ова е последниот и најтежок изговор кој ве влече назад врзувајќи ве за лошата работа како со синџири.

Вие во принцип не можете да знаете како може да изгледа вашата следна работна позиција. Бидете храбри, бидејќи како што велат – среќата ги следи токму таквите луѓе.

Вие заслужувате подобро отколку да бидете проколнати со работни позиции кои ќе ги мразите до крајот на животот.

А доколку не направите промена, ќе започнете да се мразите и себеси.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg