Пионер, чувар, возач или интегратор - во кој тип на колега спаѓате вие?

Постојат четири доминантни типа на личности на работното место, а секој од нив успева на поинаков начин, откриваат истражувачите на британската организација Deloitte по проучувањето на 19.000 работници.

pioner-chuvar-vozach-ili-integrator-vo-koj-tip-na-kolega-spagjate-vie-1_copy_copy.jpg

Поточно:

1. Пионери

Пионерите се друштвени, спонтани, прилагодливи и имагинативни. Насочени се кон остварување на големи цели, полни со идеи и не се плашат да ризикуваат за да ги спроведат на дело. Ги поттикнуваат и колегите на креативни пристапи и внесуваат позитивна енергија во тимот.

2. Чувари

Чуварите се затворени, резервирани и методични. Податоците и фактите се од најголема важност за нив, а и деталите им се битни. Практични се и лојални, но повеќе ја сакаат самостојната, отколку тимската работа. Ја ценат стабилноста и воведуваат ред и дисциплина. Се плашат да ризикуваат и сметаат дека треба да се учи од грешките.

3. Возачи

Возачите се фокусирани на работата, натпреварувачки се настроени и мошне љубопитни. Тие се логички типови и сакаат да експериментираат, а проблемите ги гледаат како црно-бели. Го ценат предизвикот и му даваат залет на тимот. Најмногу од сè сакаат добри резултати и победи.

4. Интегратори

Интеграторите се сочувствителни, традиционални и се грижат за меѓучовечките односи. Одговорни се кон тимот и ги спојуваат членовите. Најважна им е хармонијата меѓу соработниците. Не се склони кон конфликти – дипломати се и повеќе сакаат договор, отколку расправија.

pioner-chuvar-vozach-ili-integrator-vo-koj-tip-na-kolega-spagjate-vie-2_copy.jpg

Како функционираат на работното место?

Пионерот е заинтересиран за нови можности и ја поттикнува енергичноста и креативноста во тимот. Работи според инстинктот и не се двоуми да преземе ризик, особено ако има свежи идеи.

Чуварите, пак, ја сакаат стабилноста и воведуваат ред и дисциплина. Не сакаат да ризикуваат и се чувствуваат подобро ако се држат до фактите, бројките и деталите.

Тука се и возачите кои сакаат резултати, предизвици и победување. Внесуваат динамика во тимот и поттикнуваат кон остварување на целта.

Интеграторите се тие кои го обединуваат тимот. Важни им се меѓусебните односи и зближувањето со колегите. Главна грижа им претставува односот со тимот и одговорни се кон него. Дипломати се, а целта им е постигнување договор и хармонија.

pioner-chuvar-vozach-ili-integrator-vo-koj-tip-na-kolega-spagjate-vie-3_copy.jpg

Како успешно да соработувате?

Добро е спротивните типови да се зближат. На почетокот е многу голема веројатноста да избијат помали конфликти и судири, но колегите со различни карактери може  да се урамнотежат еден со друг, па на крај да завршат и како партнери. Чуварите се затворени типови и најмалку се склони да проговорат нешто. За нив и интеграторите е најизвесно дека ќе страдаат од стрес.

Кога постојат услови за тоа, дадете им можност на чуварите да работат сами, наместо да инсистирате на тимска работа. Кога, пак, ќе побарате од нив да учествуваат на состаноци, пружете им прилика добро да се подготват.  

Од друга страна, дајте им прилика на пионерите да ги спроведат своите идеи, но на начин на кој и другите колеги ќе можат да се вклучат. Поставете одредени граници, овозможувајќи им и на оние кои ја сакаат стабилноста да се чувствуваат пријатно.

Вложете енергија во градењето односи со интеграторите, но и мотивирајте ги да разговараат со колегите за тоа како различните одлуки влијаат на тимската работа и расположение. На тој начин, ќе добиете добар увид во состојбите.

Со возачите, пак, можете да разговарате за тоа како тимот полесно да дојде до целта.

pioner-chuvar-vozach-ili-integrator-vo-koj-tip-na-kolega-spagjate-vie-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg