Како да станете поатрактивен работник во очите на потенцијалниот шеф?

Во играта на мачка и глушец, работата ја добиваат само најпромислените кандидати. Ако сакате да го надмудрите и освоите потенцијалниот работодавец, постојат неколку златни правила до кои треба да се држите.

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-1.png

Нова работа, која притоа е добро платена и опремена со фер услови и поприлично нормален шеф – тешко е да се пронајде – но, сигурно сте забележале дека во таа игра некои се подобри, а некои нешто послаби играчи.

Кога е првата работа во прашање, никој не би смеел премногу да бира, затоа што важно е стекнувањето искуство, прилагодувањето на работните навики и учењето на почетничките грешки.

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-2.jpg

Но, доколку сте во потрага по својата втора, трета или дури четврта работа, тогаш ќе мора да бидете паметни и да научите како да станете посакуван работник во очите на работодавецот.

Ви откриваме кои се седумте правила до кои треба да се придржувате:

1. Никогаш не звучете очајнички

Колку и да ви е потребна работа, никогаш не нагласувајте дека ќе направите апсолутно сè и ќе работите од 0 до 24. Добриот работник ја знае својата вредност, не му е тешко да остане малку подолго на работа, но бара и почитување.

2. Отскокнете од толпата

Со стандардното, вообичаено CV, испратете и нешто по што ќе ве запамети работодавецот. Тоа може да e предлог за нова кампања, занимливо видео во кое ги изнесувате своите идеи или напишана биографија на фина, впечатлива хартија. Ако вработените во фирмата каде сакате да работите се млади и поопуштени, добро би можела да пројде и шега, како домашно подготвени мафини со назнака: „Не говорам само француски, туку и ги печам најдобрите мафини во градот, поради што сум сум супер колешка!“.

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-3.png

3. Тие нека дојдат до вас

Нема смисла да глумите работник кого фирмите го опсипуваат со понуди, а на прашањето: „Кога можеш да почнеш со работа?“, да одговорите со: „Веднаш!“. Имајте достоинство и не скокајте на првата понуда.

4. Не плукајте по поранешните работодавци

Може да кажете дека не сте биле задоволни од условите или дека сте барале нови предизвици, но плукањето по поранешните шефови и изнесување на нивниот „валкан веш“ е строго забрането на разговорот за работа. Поради таквото непрофесионално однесување, повеќето работодавци глатко ќе ве пречкртаат.

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-4.jpg

5. Подгответе се за разговорот

Првиот разговор сфатете го како своја прва работна задача. Осознајте сè за фирмата, „прогуглајте“ го шефот, дознајте на кои проекти се работи во моментот и осмислете неколку идеи со кои вие самите би го унапредиле нивното делување.

6. Бидете подготвени да ги наброите своите достигнувања без пелтечење

Јас сум тимски играч“, „Бев најдобра на факултет“  и „Секогаш последна си заминував од работа“ се фрази со кои можеби ќе ја воодушевите вашата мајка, но не и потенцијалниот шеф кој сака да слушне РЕЗУЛТАТИ. Направете си попис на сите достигнувања, како организација на контакти, доведување нови клиенти, зголемување на бројот на фанови на Фејсбук или воведување на Твитер...колку и да ви се чинат безначајни, овие работи се делчиња од сложувалката што ја прави фирмата успешна, па не заборавајте да ги нагласите.

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-5.jpg

7. Подгответе се за прашањето поврзано со платата

Најпрво, одлучете си од дома која е најмалата сума што сте подготвени да ја прифатите и која би била вашата идеална плата, а потоа обидете се да се распрашате кои се цифрите што се вртат внатре во фирмата. Врз основа на сето ова, пресметајте го износот кој би можел да биде реален за вашата позиција и не се ни обидувајте да се ценкате на лице место.

Среќно!

kako-da-stanete-poatraktiven-rabotnik-vo-ochite-na-potencijalniot-shef-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg