4 чекори како да одговорите на тешките прашања како гениј

Вашиот шеф бара извештај од вас за некоја важна ситуација, а вашите информации се нецелосни, застарени или неточни...

4-cekori-kako-na-teskite-prasanja-da-odgovorite-kako-genij-01.jpg

На интервју за работа се бара од вас одговор зошто сте ја напуштиле претходната работа од која всушност ве избркале...

Како би се справиле во овие стресни ситуации?

Кога ќе се соочат со тешки прашања, дури и оние кои се подготвени, не секогаш заблескуваат.

Оние кои се вешти во импровизацијата секогаш се во предност.

Следнава едноставна стратегија од 4 чекори ќе ви помогне да одговорите дури и на најтешките прашања како експерт:

1. Бидете трпеливи

Во брзиот стил на живот, често сме убедени дека брзите одговори се најдобра опција. Кога даваме избрзани одговори во стресни ситуации, се чувствуваме несигурни и неспремни за разговор.

Наместо тоа, одвојте време за формулирање на одговорот пред да почнете да зборувате.

Течното зборување ќе го зголеми вашето чувство на сигурност. Започнете да зборувате кога вашиот одговор е целосно оформен. Потоа можете да преминете на точките од интерес наместо да да размислувате за нив во последен момент.

2. Размислете за вашата публика

Вашите одговори треба да бидат прилагодени кон групата на луѓе за кои зборувате. Користете соодветен јазик. Избегнувајте зборови кои вашите слушатели потешко би ги разбрале.

Зборувањето на повисок стил може да ги збуни вашите слушатели. Формулирајте ги вашите одговори за да ја нагласите содржината која е од интерес за одредената публика.

Еден добар одговор најверојатно ќе звучи сосема различно во зависност од тоа дали ќе се обраќате кон група мајки, лидери или студенти.

3. Бидете селективни

Нема ништо лошо доколку не знаете да одговорите на некое прашање. Тоа е дотолку подобро отколку да давате погрешни или несигурни одговори.

Давајте информации само доколку сте сигурни во нивната точност. Доколку ве фатат да не знаете некоја информација која би требало да ја знаете, извинете се и ветете дека ќе ја проверите информацијата.

4. Нагласете го она што го знаете

Секогаш кога постои можност насочете го зборувањето кон област во која имате големо знаење и добро разработени идеи. На пример, доколку целите кон одредена функција во некој мал град.

Добивате прашање од новинар како планирате да ја подобрите економијата. Доколку немате конкретен одговор, насочете го зборувањето кон тема во која сте повеќе подготвен.

На пример посочете го образовниот систем, и алудирајте на тоа дека за просперитетна економија, потребна е образована популација.

„Секогаш постојат одговори, ние само треба да бидеме доволно паметни“, напишал Џон Грин.

Понудете одговор, дури и кога тоа не е оној вистинскиот кој се бара од вас. Зборувајте со сигурност, насмевка и искреност.

Вашиот начин на презентирање на содржината честопати е поважен од самите информации кои ги нудите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф? „Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg