10 карактеристики кои ги имаат сите милиониери кои се потрудиле сами

Гордоста од успехот е голема. Тоа е потрага која бара големи жртви: долги часови, финансиски инвестиции, губење на време кое би го поминале со семејството, ментална фрустрација, загубено време со пријателите, тешки одлуки...

10-karakteristiki-koi-gi-imaat-site-milioneri-koi-se-potrudile-sami-01.jpg

Листата продолжува до бескрај.

И кога ќе ја погледнете таа листа се прашувате, зошто некој би сакал да се мачи да стане успешен? Бидејќи, вреди за жртвата.

Едно истражување на професорот Томас Корли, направено на 233 богати испитаници кои имаат најмалку 3.2 милиони долари годишен придонес, открива кои се најважните вештини, карактеристики и црти кои ги поседуваат милионерите:

1. Додадете вредност

Морате да додадете малку вредност на тоа што го работите. Без разлика на тоа дали креирате некаков производ или нудите некаква услуга, морате да бидете подобри од останатите.

2. Предност

Морате да имате барем мала предност над другите, не е важно што, вештина, супериорно знаење, подобар производ, подобра услуга, нова етика на однесување на работа, подобри навики, повеќе креативност...

3. Експертско знаење

Морате да ја знаете вашата индустрија, компанијата, останатите слични или исти компании над и како вас. Морате да бидете експерт.

4. Експертски вештини

Вашите вештини мораат да бидат на ниво и да ве одвојуваат од другите, вештини кои морате да ги формирате долго време низ годините.

5. Силна работна етика

Морате да бидете подготвени да се посветите повеќе од работното време, на секојдневно ниво, ако сакате да успеете.

6. Интензивен фокус

Морате да имате способност да се фокусирате на една задача, многу часови, недели, месеци, па и години, сè додека не ја завршите задачата, успешно. Секој сон, секоја цел, секој проект мора да ви биде во центарот на фокусот.

7. Моќни врски

Морате да остварувате пријателства и контакти со индивидуи кои ќе ви ги отвораат сите врати.

8. „Апостоли“

Покрај себе треба да имате посветени надредени, подредени, лица кои сонуваат исто како вас и кои ќе ви помогнат вашиот сон да го претворите во реалност.

9. Упорност

Никогаш не треба да се откажувате, дури и кога не сте сигурни во себе, морате да продолжите понатаму, додека не ја остварите целта.

10.  Добра среќа

Можеби најважна состојка на успехот е добрата среќа. Без среќа, на сè друго, реално, работите не се возможни ако немате и малку среќа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg