Дали жените поминуваат потешко на интервју за работа отколку мажите?

Понекогаш, по исцрпниот процес на барање огласи за работа и праќање CV-а, конечно стигнувате до интервју и ви се чини како да гледате светло на крајот на темен тунел.

dali-zenite-pominuvaat-potesko-na-intervju-za-rabota-otkolku-mazite-1

Мислите дека сте успеале, дека ќе ги импресионирате сите со вашиот интелект и шарм и дека сега се на ред вашите 5 минути. Но, сфаќате дека жените добиваат многу потешки прашања на интервју отколку мажите.

И така е доволно тешко кога треба да се соочите со предизвиците на новото работно место, како што се грижата како ќе бидете прифатени, за каква плата ќе се договорите и слично, па грижата дека ќе добиете многу потешки прашања од вашите машки колеги воопшто не го олеснува процесот.

Според списанието The Telegraph, направено е истражување според кое е заклучено дека жените не само што добиваат потешки прашања на интервју, туку и многу почесто ги прекинуваат додека зборуваат за разлика од мажите.

Знаеме дека од овој факт ви се лоши, но за жал тоа е вистината.

dali-zenite-pominuvaat-potesko-na-intervju-za-rabota-otkolku-mazite-2

Списанието вели дека истражувачи од Универзитетот во Калифорнија заклучиле дека жените биле значително повеќе прекинувани додека одговараат на прашања за време на интервју за работа отколку мажите. Исто така, било откриено и дека кога мажите биле прекинувани, тоа најчесто било за нешто позитивно или за да им кажат дека се согласуваат со нив.

Иако на работно поле веќе гледаме многу напредок, сепак има уште долг пат пред нас за да стигнеме до вистинска еднаквост, најмногу кога станува збор за плата.

Дури и вработените во Белата Куќа се соочуваат со проблемот со нееднакви плати. Жените добивале 80 центи од доларот кој мажите го заработувале за истото работно место.

Време е, независно од работно поле во кое решаваме дека ќе напредуваме во нашата кариера, да се поништат овие разлики.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg