Се практикува ли „Тим билдинг“ во вашата компанија?

За некои обична глупост и залудно трошење време и пари, за други научна фантастика, за трети неопходен фактор кој е клучен за успехот на работата.

Se-praktikuva-li-Tim-bilding-vo-vasata-kompanija-01.jpg

Колку е навистина потребен Тим билдингот за една компанија? Дали станува збор за обично помодарство или за нешто што навистина го дефинира успехот и имиџот на една компанија?

Професионалците сепак тврдат дека зајакнувањето и хармонизирањето на тимот за работа е можеби најважното нешто кое носи резултати.

Ова се 12-те најважни причини зошто е толку важен Тим билдингот за една компанија:

Зајакнување на тимската работа

Тим билдингот подразбира време каде што работната група може да се фокусира на важност на тимската работа и да поработи на сите недостатоци кои се јавуваат во истата.

На забавен начин се подобрува заедничката работа, а со тоа неминовно се зголемува ефикасноста, како и менаџирањето на нечии силни и слаби страни кај членовите во тимот.

Подобрување на комуникацијата

Добрата комуникација е клучен фактор за добар перформанс на еден тим. Тим билдингот е настан кој помага да се срушат одредени бариери во процесот на комуникација и како подеднакво добро да се совладаат и вербалниот и невербалниот начин на комуникација меѓу вработените.

Издвојување на водач

На секој тим му е потребен квалитетен водач кој ќе ги предводи во работните предизвици. Тој вообичаено секогаш се истакнува на Тим билдинг настаните како некој кој ужива голема доверба меѓу вработените и истовремено е подготвен да помогне и да соработува подеднакво како и сите останати, без оглед на неговата функција.

Уживање во забавните моменти

Ова е еден од клучните фактори на секој Тим билдинг настан. Нормално, забавата. Поради неа ќе испливаат на површината сите добри карактеристики кои можеби не сте ги знаеле за своите колеги, кои инаку не би се опуштиле освен во вакви моменти.

Блискост со колегите

Тим билдингот е време резервирано за колегите каде што во забавна и опуштена атмосфера може подобро да се запознаете едни со други, што секако води до поголема блискост, па можеби дури и пријателство.

Зголемување на самодовербата

Вежбите и игрите од коишто ќе бидете дел за време на Tим билдингот дефинитивно ќе направат да е опуштите и да го дадете најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови.

Во принцип, не можеш да бидеш неуспешен во Tим билдингот како настан, а тоа влијае прилично врз опуштањето и зголемувањето на самодовербата.

Прифаќање одговорност

Секој член од тимот има свои задолженија, а тимот е онолку силен колку и неговата најслаба алка. Прифаќањето на лична одговорност е доблесно нешто кое треба да го научи секој во тимот, а Tим билдингот е одлична можност каде што може да се рефлектираат причините поради некој неуспех на компанијата и како да не се повтори истиот.

Градење доверба

За време на Tим билдингот се откриваат слабостите, јаките страни, стравовите и способностите на секој од членовите поединечно. Ова овозможува продлабочување на односите меѓу колегите и конкретно градење на поинаков тип на силна доверба која можеби не сте ја почувствувале дотогаш.

Зголемена мотивација

Мотивацијата за работа несомнено се зголемува по завршувањето на настан како Тим билдингот. Во работната атмосфера се чувствува опуштеност, позитивна енергија, со еден збор поинаква вибрација за работа. Успешноста на еден Тим билдинг настан се рефлектира позитивно врз сите вработени лица.

Поголемо почитување

Тим билдингот фрла една поинаква светлина како врз вработените, така и кон врвното раководство. По настанот најчесто имате многу повеќе почит за поголемиот дел од луѓето. Од вашето работно опкружување.

Основање на традиција

Работите коишто се успешни треба да имаат тенденција на повторување, па зошто Тим билдингот да не биде една од нив? На овој начин се креира не само имиџот, туку и културата на една компанија. Зошто токму вашата да не биде компанијата која ги организира најдобрите Тим билдинг настани?

Остварување успешни резултати

Добрите резултати се како јаготка на врвот од шлагот. Подобрената комуникација, довербата, почитта меѓу вработените, почитување на лидерот на тимот, сите овие нешта ја склопуваат сложувалката наречена успешна и квалитетна компанија.

А Тим билдингот како настан дефинитивно има огромен удел во сето ова.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg