Како да станете омилен колега на работното место?

Добрата работна атмосфера е особено важна за постигнување одлични резултати. Воедно, чувството да ти е убаво и пријатно на работа е безмалку бесценето.

Kako-da-stanete-omilen-kolega-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Имате ли колеги кои се омилени во канцеларијата? Сте се запрашале ли што прават поинаку од другите?

Со цел да го понесете епитетот омилен, еве што треба да знаете кога станува збор за колегијалноста:

Ошти правила на однесување

  • Прашајте пред да позајмите нешто. Едноставно е, не земајте туѓи работи без дозвола, без разлика дали се работи за хефталка или нечие кафе.
  • Мијте си ги чашите. Доколку сте од оние што суптилно ги оставаат шолјите во садоперот со мисла дека некој друг „смотан“ ќе ги измие наместо вас, вие сте лош колега. Чистете си зад себе.
  • Воздржете се од испуштање гасови. Звучи смешно, и понекогаш е можеби неизбежно, но има решение. Тајното испуштање гасови во канцеларија преполна вработени е лошо. Воедно, внимавајте и на вашите други хигиенски навики, како секнење нос или чепкање во уво.
  • Не дремете на бирото. Дури и да ви се приспие некогаш, внимавајте вашето биро да не гледа директно кон ниту еден од другите колеги и секако, не хрчете.
  • Задржувајте и отворајте ги вратите на колегите. Особено внимавајте на бремените, постарите колеги и оние кои носат поголем товар. Никако не затворајте им ја вратата пред нос, без да ја задржите.

Односи со колегите

  • Внимавајте на јачината на ѕвонењето на вашиот телефон. Особено лошо е кога телефонот ви ѕвони прегласно или со некоја иритирачка неподнослива музика. Воедно, не заборавајте го постојано на вашето биро додека сте отсутни. Константното ѕвонење и неодговарање на повиците ја уништува работната атмосфера и односите.
  • Не озборувајте. Не се вплеткувајте во нечии туѓи замрсени односи. Намалете го копчето на сопствената љубопитност, бидејќи ништо добро не излегува од душкање наоколу. Издигнете се над сите озборувачки муабети и оние кои сакаат да ве вовлечат во истите.
  • Трудете се да јадете едноставни оброци. Доколку сепак не саката да јадете надвор од работното место и тоа мора да го правите на бирото, потрудете се да јадете едноставни јадења кои нема да ја умирисаат целата канцеларија. Сендвич, салата или некој мафин се најдобриот избор. Замислете цел ден канцеларијата да мириса на зачинето месо или паста.
  • Секогаш понудете ги колегите со кафе или чај кога си правите за себе. Тоа е едноставно учтиво. Воедно, секогаш кога се купува чај/кафе/млеко/шеќер, внимавајте да дадете пари, односно свој придонес.
  • Доколку сте имале врска или секс со колешка, останете џентлмен. Тоа значи дека не треба да прераскажувате интимни детали од доживувањето и да ги споделувате овие информации на работа, ниту пак на after work настаните. Останете културни, џентлмени и професионални, работата е најважна и пред сè останато.

Вербална комуникација

  • Внимавајте како им се обраќате на колегите. Доколку формалниот однос не е задолжителен, сепак треба да останете учтиви и пристојни, што значи дека изразите како маче, злато и брат остануваат за дома.
  • Обидете се да ги запаметите имињата на колегите. Без разлика колку долго работат во компанијата. Навистина не сакате да се најдете во ситуација во која колегата сте го меморирале – Високиот или не знаете како да им се обратите само затоа што не сте го запомниле нивното име.
  • Оставете ги лошите навики дома. Пцуење. Гласно џвакање. Пукање балончиња со мастика. Гласно зборување и смеење на телефон. Сите имаме понекоја лоша навика, на која местото не ѝ е на работа.
  • Слушајте кога луѓето ви зборуваат. Немојте незаинтересирано да се врткате кога некој ви се обраќа или да зјапате во телефонот или мониторот. За да добиете почит, треба да ја дадете и да ја заслужите.

Надвор од канцеларијата

  • Доколку имате состанок или деловен ручек, појавете се навреме. Во превод, немојте да доцните. Доцнењето никогаш било, ниту ќе биде дел од добрите манири на однесување.
  • Исклучете го телефонот додека сте на состанок. Бидејќи ништо не покажува поголемо непочитување од ѕвонењето на мобилниот среде работа.
  • Доколку поканите некого на ручек, вие плаќате. Секако, секогаш постои опција да се подели сметката, но само доколку другиот инсистира. Правилото е–тој што кани, тој и плаќа.
  • Не се опијанувајте на забавите од работа. Колкумина ја изгубиле почитта од колегите и претпоставените само заради нискиот праг на толеранција на алкохол? Знајте си ја границата и – не ја преминувајте.
  • Не се жалете за лошата политика на компанијата пред колегите од другите сектори. Доколку имате забелешки првенствено обратете се до раководителот на својот сектор или до одговорните во одделението за човечки ресурси.
  • Секогаш донирајте за родендени, прослави, пензионирања. Во секоја компанија има една личност која се грижи за битните настани на останатите колеги и собира пари. Не бидете скржав и секогаш донирајте во рамките на своите можности. Не исчезнувајте непосредно пред собирање на парите, а се строите први за парче торта.
  • Прифатете ги ритуалите на компанијата. Без оглед дали станува збор за забави по работното време, или лежерно облекување во петоци, или можеби маскирање за 1 април, прифатете ги сите навики и ритуали, со цел подобро да се вклопите во компанијата.

Со еден збор, уживајте на работното место и потрудете се да бидете добар колега.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg