Ви се расипа автомобилот, хотелот е полн, а вашиот летен одмор лошо почна. Дознавте дека некој колега фрлил око на вашето работно место.
За два дена треба да завршите некоја работа, а вие сте сеуште на почетокот.
Како ги решавате сите овие проблеми? Се разбира никој не сака да работи под притисок, но ако веќе добиете некоја задача која што треба да ја завршите во најкраток рок, а со тоа ви се поместуваат сите претходни планови, потрудете се да не се парализирате.

Бесмислено е да се доведувате во состојба од грижа да не можете да заспиете и да се одморите во времето предвидено за одмор.
Немојте да ве мачи тоа што постојат и такви кои се побрзи и поефикасни од вас. Признајте им ги нивните способности, а вие задоволете се со тоа дека плановите ги исполнувате побавно, но совесно и темелно.
За да избегнете работа под притисок, потребно е да имате добро разработена тактика, која не подразбира откажување од проблемот како решение на проблемот, затоа што деловните можности во тој случај ќе ве заобиколуваат.
Ако вие се прашувате предност би му дале на мирниот живот, но треба да бидете свесни дека животот не е онаков каков би сакале да биде. Вонредни ситуации има во изобилство!
Доколку сте стабилна личност свесна за своите способности, тогаш ќе можете да се изборите со сите проблеми и повремени емотивни кризи.
Кога еднаш ќе прифатите некој предизвик, важно е само да верувате во позитивен исход. Во сооднос со тоа треба да правите сè за да ја постигнете целта. Чувајте ја динамичната и борбената личност во себе. Секој предизвик што се појавува пред вас е испит на издржливост.
Наместо да ве фаќа паника при појава на тешки ситуации, ненадејниот прилив на адреналин искористете го за да функционирате беспрекорно тогаш кога најмногу ви треба.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Што ги излудува колегите?...Колегите на работно место некогаш знаат едноставно да не излудат; спроведена е анкета со чија помош се издвоија 10 работи кои што најповеќе преча... Оставете впечаток...Поговорката вели дека никогаш нема да добиете втора шанса за прв впечаток. Дури и се вели дека се потребни не повеќе од 15 секунди во моментот на... Топ 3 мотивациони говори...Инспиративните говори секогаш можат да не мотивираат и да не насочат на патот кон успехот. Успехот е духовна рамнотежа од која природно...
...
 |