|
Не заработувате доволно, но не можете да го напуштите работното место. Покрај тоа имате и одредена непријатност во секојдневното...
...работно опкружување. Итно преиспитајте се, или побарајте нова работа.
Во спротивно може да „прегорите“ на работното место, да дадете полоши резултати и да ви ослаби концентрацијата.
Размислувајте со студена глава

Не е доволно да мислите дека сте премалку платени – морате да знаете дали навистина е тоа така. Истражете колкави се платите во вашата струка и работата што ја работите, споредете ја својата плата со другите и дознајте во каква положба сте.
Барајте покачување
Барајте покачување, но погрижете се тоа да е оправдано – ако имате повеќе обврски на работа или сте добиле поодговорна работа. Добро е да ги подготвите сите факти на хартија.
Алтернативни можности
Испитајте ги можностите во фирмата во која што работите, што всушност би можеле да работите. Барајте работа пред, или по работното време и што повеќе испраќајте го своето CV на работодавачите. Штом почнете нешто конкретно да превземате, ќе бидете попозитивни.
Размислувајте за дополнителна работа
Наместо да се жалите на тешката парична состојба, искористете го времето, истражувајте во што сте добри, најдете дополнителен извор на приходи.
Бидете благодарни
Ако преземете нешто за да ја подобрите ситуацијата, работите кога-тогаш ќе се изменат. До тогаш бидете благодарни што имате работа и бидете успешни во неа.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Соочете се со критиките...Кога луѓето ве критикуваат, што да направите? Соочете се со нив! Ако кукавички ја подвиткате опашката и гледате во земја – не е никакво решение.
... „Нарцис“ - успешен бизнисмен?!...Новите истражувања покажуваат дека нарцисите се одлични во убедувањето дека нивните идеи се креативни, дури и кога се само просечни.
... Оставете подобар впечаток...Секако дека е важна презентацијата. Многу работи изгледаат подобро отколку што се и обратно. Тука не станува збор за лага и неискреност, туку за....
 |