Да се разбереме. Работиш за да заработиш. Работиш дополнително за викенд бидејќи платата не ти стасува. Бркаш таргети за бонуси. Сè, заради тоа што не си препознаен. И бум, оддеднаш даваш отказ и сите се чудат – „А зошто си одиш, па супер соработуваме, навремени сме со исплата, имаш флексибилно време. Тоа е Македонија, што повеќе да понудиме?” – Да, но мојата плата не соодветствува со она што го работам.