4 лекции од Саманта Џонс за феноменален секс

Саманта, прочуената дама од серијата Сексот и градот која одлично ја изигра Ким Катрал, изминатава деценија важи за еден од најголемите секс симболи.

4-lekcii-od-samanta-za-fenomenalen-seks-01

Таа ја започна револуцијата во перцепцијата на женскиот секс, а овие 4 совети се инспирирани токму од неа.

1. Сексот е многу важен

Колку пати сте слушнале дека жените лажираат оргазми за да ја одржат илузијата на својот партнер дека одличен љубовник. Ако така продолжите, само ќе навлезете во подлабока исфрустрираност.

Сексот е важна работа! Како што се важни љубовта и почитувањето, сексот има исклучителна важност. Тогаш, зошто сте во врска која морате да се лажете себе и партнерот дека сексот ви е одличен?

Едно лошо водење љубов со мене – срам да ти е! Два пати лошо водење љубов со мене – срам да ми е!

2. Барајте го своето задоволство

За сексот се потребни (најмалку) двајца и двајцата мора да бидат задоволни. Многу е важно да постигнете заедничко задоволство, тоа е главната цел која треба да ја имате секој пат кога имате секс, затоа не се лажете дека тоа е неважно.

-Кога ќе ти одговорам на повик додека сум во ноќен клуб, потруди се да имам незаборавна ноќ, вели Саманта.

3. Со вежба до перфекција

Ако мислевте дека сте го усовршиле сексот од сите аспекти, размислете повторно.

Сексот не е тежок, но од вас побарува доста вежбање и вложување на труд. Испробувајте нови работи, информирајте се и најважно од се - вежбајте!

4. Уживајте во својата сексуалност

Ако се срамите или плашите до својата сексуалност, и ако се грижите што другите ќе помислат, никогаш нема да уживате.

Или како што Саманта признава:

-Не сакам да бидам осудувана. Ќе се облекувам како што сакам и ќе имам орален секс сè додека дишам.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg