Малите моменти поради кои е прекрасно да бидете заљубени

Го знаете она чувство кога воопшто не сте расположени и единствено што сакате е да гледате некоја серија, а вашиот сакан се стуткува до вас со пуканки и ви се придружува во коментирањето на фустаните или глумците кои ви се симпатични? Тоа се нарекува љубов.

malite-momenti-poradi-koi-e-prekrasno-da-bidete-zaljubeni-01

Постојат барем 20 причини на кои треба да се сетите зошто е фантастично секогаш да бидете заљубени и тоа да ви биде возвратено.

1. Кога ќе ви заѕвони алармот наутро, а тој/таа не ви дозволува да станете туку ве прегрнува цврсто. Има ли подобар почеток на денот од тоа да останете уште некоја минутка во постела со страсни бакнежи или утрински секс?

2. Кога ќе се вратите доцна од работа, уморни, а тој/таа ви сервира десерт кој сам/а го направил/а само за да ви покаже колку му/ѝ е важно и колку се грижи.

3. Кога ве мрзи да правите досадни пресметки, а тој/таа ве ослободува од тоа и плаќа наместо вас.

4. Кога ќе одлетате со мислите и спонтано ќе се насмеете затоа што ви текнува на некој заеднички момент или убав гест. Нема подобра сатисфакција во денот.

5. Кога тој/таа ќе престане да јаде некоја храна, само затоа што вие сте алергични, во знак на солидарност.

6. Кога тој/таа знае што ве возбудува во креветот и го прави токму тоа само за да ви го овозможи врвното задоволство.

7. Кога не го/ја мрзи да ги сослуша сите проблеми на вашите пријатели, а потоа да зборувате во врска со тоа.

8. Кога не ги сака луѓето што не ги сакате вие.

9. Кога ќе запознаете некоја нова личност која не ви се допаѓа на прв поглед, ќе се погледнете и сфаќате дека двајцата го делите истото мислење.

10. Кога наместо вас го изнесува кучето на прошетка и не ви го префрла тоа неколку дена подоцна.

malite-momenti-poradi-koi-e-prekrasno-da-bidete-zaljubeni-1

11. Кога неговиот/нејзиниот мирис е единствениот што го препознавате.

12. Кога не сака да ја гледа новата епизода од заедничката омилена серија без вас.

13. Кога си одите малку порано од забавата на која сте отишле сами само за да поминете малку време заедно пред да заспиете.

14. Кога на вашите пријатели им дава одлични совети за нивните девојки/момчиња, а тие ја/го слушаат бидејќи знаат дека е прекрасна/ен и не лаже.

15. Кога ја знае секоја ваша глупост, спомени од средно училиште, факултет и не го/ја  мрзи да ве слуша по стоти пат.

16. Кога почнува да ги набројува сите работи во кои сте најдобри, додека вие сте ја изгубиле сета самодоверба.

17. Кога толку добро ве познава што доволно е само да ве погледне и знае на што мислите.

18. Кога повеќе ве сака едноставни, обични и недотерани, отколку во најновата облека, подготвени пред излегување.

19. Кога може со часови да седите еден до друг и да не зборувате, а да не се чувствува непријатната тишина.

20. Кога неговото/нејзиното мислење може да ве расположи, колку што стотици негативни коментари може да ве растажат.

malite-momenti-poradi-koi-e-prekrasno-da-bidete-zaljubeni-3

Малите моменти во кои за едноставни работи чувствувате посебна среќа, моментите кога ништо повеќе не ви е потребно освен прегратка и бакнеж, кога сето тоа е доволно за и најлошиот ден да ви биде прекрасен, ете токму тоа е љубовната магија за која не се потребни научни истражувања, туку само момент за да се почувствува.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg