Знаци кои ви покажуваат дека таа има предиспозиции да биде ваша девојка

Доколку веќе ви здодеа од премногу состаноци покрај кои повторно сте сингл и сакате да започнете сериозна врска, мора да обрнете повеќе внимание на предиспозициите кај девојката.

znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-taa-ima-predispozicii-da-bide-vasa-devojka-01

Постојат знаци преку кои лесно може да дознаете дали таа навистина е подготвена и сака сериозна врска.

Затоа момци, за вас ги издвоивме овие неколку работи кои упатуваат на сериозна врска со девојката со која се состанувате:


1. Знае колку алкохол е доволно

Можеби не обрнувате толку внимание на количеството на алкохол кој девојката го пие во текот на една ноќ, но доколку сакате сериозна врска тогаш овој знак ви кажува многу. Сигурно не сакате девојка која не знае за доста и често се опијанува.


2. Одлична е со вашите пријатели

Се забавува, има смисла за хумор и одлично се сложува со вашите пријатели, дури по некое време тие стануваат и нејзини пријатели. Ова е одличен знак за почеток на една сериозна врска. 


3. Има свои размислувања

Стои цврсто зад својот став дури и ако се противречи со вашето мислење. Девојките често ги прифаќаат мислењата од своето момче мислејќи дека на тој начин повеќе ќе се зближат. Сепак, спротивните размислувања често водат кон долги и спонтани разговори во кои ќе уживате.


4. Хоби и животни цели

Има свое изградено хоби и замислени животни цели кои ги остварува. Тоа е знак дека таа девојка сериозно го сфаќа животот и дека вложува труд во својот карактер, кариера и не е целосно свртена само кон вашиот живот.


5. Чувар на тајни

Да, на оваа девојка можете да и кажете буквално сѐ, но запомнете доколку ја каже вашата тајна пред останатите, тогаш нема потенцијал за сериозна и доверлива врска. 


6. Ваш простор

Ја разбира вашата потреба за сопствен простор и време кое ќе го посветите на себе или пак на вашите пријатели. Ве охрабрува да излегувате и да се дружите со вашите пријатели. 


Па момци, доколку сте запознале ваков тип на девојка тогаш бидете сигурни дека во неа лежи потенцијал за сериозна врска која можеби ќе прерасне во брак.

Не пропуштајте ја шансата да бидете со девојка која ќе има разбирање кон вас. 

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg