10 мажи откриваат како сфатиле дека таа е вистинската

Секој пар има своја приказна од моментот на запознавање, преку бакнежите, сексот, првите караници и на крајот раскинувањето или стапувањето во брак.

10-mazi-otkrivaat-kako-sfatile-deka-taa-e-vistinskata-01

Но, како доаѓаат до тој свечен момент пред олтарот и изговарањето на судбоносното „Да“?

Вообичаено девојките ги имаат долгите романтични приказни за целата врска или начинот на запросување.

Но, момците ги имаат оние кратки слатки и сосем обични моменти во кои сфаќаат дека токму тоа е вистинската девојка со која сакаат да го поминат целиот живот.

10 анонимни момци си ја отворија душата и ги споделија моментите во кои сфатиле дека таа е вистинската.

1. Првата вечер кога се запознавме јас бев невработен, а таа беше премногу атрактивна. Кога ѝ кажав дека немам работа, таа само мирно одговори: „Па, тогаш јас честам пијалак вечерва“. Знаев дека е нешто посебно. Една година подоцна ја прашав дали сака да се ожени со мене. Веќе 10 години сме заедно и сега јас ги плаќам пијачките.

2. Кога се преселивме во заеднички стан и ги распакувавме куферите, застанав на страна и кога завршивме со сè забележав дека имаме две исти книги – нашиот омилен роман. Се сеќавам дека во тој момент помислив: „Да, таа е вистинската“.

10-mazi-otkrivaat-kako-sfatile-deka-taa-e-vistinskata-2.jpg

3. Бев излезен со друштво во кино, гледавме некој глуп филм. Кога јас се смеев никој друг не се смееше освен една девојка. Забележав која е и ја поканив да излеземе. По неколку излегувања одлучивме да бидеме заедно и продолживме да се смееме на исти погрешни моменти. Во брак сме скоро 25 години и понатаму се смееме кога никој друг не се смее.

4. Моментот кога сфатив дека таа е вистинската беше кога почнав да зборувам со „Ние“, наместо со „Јас“.

10-mazi-otkrivaat-kako-sfatile-deka-taa-e-vistinskata-1.jpg

5. Тргнавме на вечера и на пола пат морав да застанам за да ги напумпам гумите на колата. Почна да врне дожд. Таа претходно потроши 3 часа за да се подготви, но излезе од колата, стави капа на главата и ми ја држеше ламбата. Тоа беше тој момент.

6. Јас бев во спалната соба и се подготвував да одиме негде кога ја слушнав мојата сопруга, тогашна девојка, како вика од дневната соба: „Така ти треба кога мислиш дека може да си играш со Индијана Џонс, кретену!“. Кратко потоа ја прашав дали сака да се ожени со мене. Мислам дека го гледаше „Last Crusade“.

10-mazi-otkrivaat-kako-sfatile-deka-taa-e-vistinskata-4.jpg

7. По нашиот прв состанок се сеќавам дека размислував како со оваа жена сакам да поминувам повеќе време. Четири месеци потоа се венчавме и уште сме заедно, веќе десет години.

8. Искрено, не се сеќавам дека некогаш сум помислил: „Не, не сакам да ја оженам“.

9. Еден пријател еднаш ме праша: „Зошто не ја ожениш?“ Не можев да смислам ниедна причина за да не го направам тоа. Веќе прославивме 7 години брак.

10. Бев во болница поради скршен колк и таа одби да си оди дома 4 дена. Цело време беше покрај мене. Тоа беше брзо откако почина мојата мајка. Во тој момент сфатив дека таа е вистинската и оттогаш сме заедно.

10-mazi-otkrivaat-kako-sfatile-deka-taa-e-vistinskata-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg