Сè уште го чекате господинот Совршен?

Уште од најмала возраст секое девојче сонува за принцот на бел коњ кој ќе ја направи да се почувствува како принцеза. Со текот на годините, во поодмината возраст, секое од тие девојчиња израснати во прекрасни девојки се соочуваат со коњот наместо со принцот.

se-uste-go-cekate-gospodine-sovrsen.jpg

Доколку и вие сте една од тие девојки која се уште го чека господинот Совршен, еве што треба да направите за тој да ве пронајде сам:

Не барајте го повеќе

Кога нештото престануваме да го бараме, тогаш само ќе дојде. Позната поговорка која e неверојатно точна.

Престанете да го барате вашиот принц и тој сам ќе дојде во вистинското време. Во меѓувреме вие фокусирајте се на вас и максимално живејте го животот.


Бидете своја

Престанете да се криете под вашата маска. Бидете своја при запознавањето на нова личност која може да биде потенцијалниот принц кој долго го очекувате.

Доколку некој ве прифати таква каква што сте, бидете сигурна дека сте пронашле вистинска личност која заслужува шанса.


Одредете високи стандарди

Не се задоволувајте со првиот кој ќе ви пријде. Иако не одговара на вашите критериуми на совршен дечко, вие сепак му давате шанса бидејќи се плашите дека тој е единствениот на кого сте му се допаднале.

Прекинете го таквиот контакт, одредете високи стандарди и не се откажувајте од тоа што навистина го заслужувате.


Не очекувајте да го најдете во ноќен клуб

Секоја втора девојка во светот со нетрпение го чека викендот надевајќи се дека нејзиниот принц ќе го пронајде баш во тие два денови во ноќен клуб. Шминкање кое трае половина час, одбирање на вистинскиот фустан и трошење на цело шишенце парфем на крајот резултира со разочарано влегување во такси кон дома.

Доколку излегувате во ноќен клуб, правете го тоа за забава, а не за да го пронајдете вашиот иден сопруг. Добро познато е дека врските кои започнале на шанкот под дејство на водка не траат долго.


Тоа сигурно не е бившиот!

Запознавањето на нова личност ви изгледало како мачење, па решивте да се вратите во прегратките на бившиот.

Да бил вистинскиот, не би бил бивши, што покажува дека вашиот принц сигурно не е бившиот. Откачете го и не ја правете истата грешка по втор пат.


Бидете трпеливи!

Не очекувајте дека првиот, вториот, третиот, па и четвртиот кој ќе ви пријде ќе ги задоволи вашите стандарди и ќе се покаже како вистинскиот. Понекогаш е потребно време и трпение.

Покачете ги стандардите, живејте за себе, бидете своја и почитувајте ги вашите желби. Не се фрлајте во прегратка на првиот што ќе наиде.

Добро испитајте го теренот, доколку момчето заслужува шанса, пружете ја, во спротивно продолжете да го чекате вистинскиот. Вие го заслужувате!

se-uste-go-cekate-gospodine-sovrsen-2.jpg

Би можело да ве интересира:

5 работи што ги учите за себеси додека сите околу вас стапуваат во брак, а вие сте сами Со секоја нова година во која сте останале сами и не сте ја нашле љубовта учите ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg