Знаеше сè, но си дозволи момент со превисока цена

Момент на лудило и магија. Момент кога сè ни се чини цветно и шарено. Момент кога мислиме дека токму тоа е тоа и ништо друго не ни е потребно.

znaese-se-no-si-dozvoli-moment-so-previsoka-cena-01

Токму тој момент треба да ве исплаши. Најубавиот момент кој ви се чини совршен, треба да ве потсети дека ништо не е ниту совршено, ниту вечно.

Сигурно во моментот не сакате ни да помислите дека може да има нешто лошо или сакате да го искористите моментот додека трае. Но, запрете. Само за миг и избројте до 10.

Кој момент вреди за сета болка што следи?

Застанете пред себе и погледнете се. Дали оваа среќна и насмеана личност вреди само за еден момент? Дали сиот сјај во очите треба да трае само една ноќ?

Можете ли сами да си одговорите гледајќи се?

Не можеше ни таа, но реши дека тоа се глупости. Глупости кои не сака да ги прифати и да ја запрат кон нешто што толку силно го посакуваше.

Во моментот кога се сака, ништо друго не е важно, нели? Но, што потоа? Срцето ѝ велеше ништо друго не е важно, вреди да ризикуваш.

Разумот постојано повторуваше: Што после? Што утре? Ќе плачеш...

И во сета борба на срцето и умот некаде длабоко трепкаше црвеното светло дека тука нешто не е во ред.

Но и покрај сè, важен е овој момент. Храбро или лудо, со главата во ѕид и милион изговори зошто вреди да се ризикува.

znaese-se-no-si-dozvoli-moment-so-previsoka-cena-1.jpg

Го гледаше и знаеше дека ја сака сега, само во овој момент. Но, се задржуваше само до тоа дека ја сака...

Го бакнуваше и знаеше дека само во овој момент може да го почувствува. Но, важно и беше само дека ги чувствува неговите бакнежи...макар и за момент.

Му се предаваше целосно и знаеше дека таа страст е премногу силна за да потрае. Знаеше дека само таа вечер ќе стигне на врвот и нема да има каде понатаму. Но, веќе ништо не ѝ беше важно.

Знаеше сè, но дозволи да ѝ се случи.

Си ја дозволи најголемата љубов, најголемата страст и најубавата ноќ...само за момент. Момент со кој си ја дозволи и најголемата болка која остана во неа многу подолго.

Дозволи сè што сакаше и сè од кое се плашеше. А можеше да биде поинаку. Момент со превисока цена.

Вреди ли?

znaese-se-no-si-dozvoli-moment-so-previsoka-cena-2.jpg

Автор: В. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg