10 знаци дека вашата врска се претвора во здодевна рутина

Убаво е да се чувствувате удобно и сигурно во врската, но никој не сака љубовниот живот да му се претвори во здодевен однос без страст и возбуда.

10-znaci-deka-vasata-vrska-se-pretvora-vo-zdodevna-rutina-01.jpg

Сепак, голем дел од врските се наоѓаат на тој пат.

Откријте дали и вашата спаѓа во оваа група:

1. Врвот на излегувањето од дома е одењето кај едниот партнер во сабота навечер, во пижами, со филм и чипс.

2. Последните 2 пораки кои сте му/ѝ ги испратиле се во облик на потсетување што да купи или да земе.

3. Имате чувство дека денот ви е бесконечен, затоа што секој ден е ист - исти предупредувања, потсетници, ситни кавги...

4. Кога партнерот ќе ве праша дали сте за во кревет одговарате дека може, но откако ќе ви заврши серијата.

5. Повеќе време поминувате гледајќи телевизија, отколку во разговор. Всушност, филмовите се најчестата заедничка активност.

6. Последниот романтичен филм кој го изгледавте само разбуди љубомора и се прашувате зошто вашата љубов не е толку силна и возбудлива.

7. Со тек на време интимните лични моменти станаа работи кои не ги криете, па така депилацијата и одењето во тоалет најчесто се случуваат со отворена врата.

8. И двајцата прилично сте опуштени кога се работи за килограмите затоа што не се трудите да изгледате посебно привлечно еден за друг.

9. Се радувате на неговиот/нејзиниот деловен пат затоа што конечно ќе имате ден за себе.

10. Откако ги прочитавте сите претходни ситуации, сериозно се загриживте затоа што во повеќето се препознавте.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg