15 вистини за бракот кои никој нема да ви ги каже

Бракот и брачниот живот е многу поразличен од оној на филмовите, па за да не живеете во заблуда пред да го кажете вашето судбоносно „Да“ вреди да ги откриете вистините кои ретко кој брачен пар ќе ви ги признае.

15-vistini-za-brakot-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-01.jpg

1. Бракот не мора да ви започне со кавга и несогласувања околу венчавката

Венчавките се забавни, но и претерано скапи. Ако сакате здрав и среќен почеток на бракот, разговарајте за поевтина локација, изработете ги декорациите сами или избегајте од сите верувања, обичаи и роднини кои не сте ги виделе со години.


2. Сепак, голема е веројатноста дека така ќе започнете

Да бидеме јасни и прецизни, ниту една невеста нема да биде задоволна од фустанот, шминката, фризурата, цвеќето... А голема е веројатноста дека младоженецот ќе биде тука кога бесот ќе мора да се истури некаде.


3. Терапијата за парови не е само за луѓе пред развод

Кај нас терапијата сè уште е табу кое се поврзува со неуспешна љубовна врска и недостаток на комуникација. Но ако се обидете, ќе се изненадите од ефектот и близината која се постигнува. Ако немате време еден за друг и постојано некаде брзате, тој час терапија ќе делува смирувачки и хармонично на вашата љубов.


4. Бракот не менува ништо. Децата менуваат сè!

Заедничкото живеење како венчан пар не менува буквално ништо. Сите навики, обврски, успеси и неуспеси остануваат исти. Сè додека не пристигнат децата. Дури тогаш вашите приоритети ќе се променат.


5. Ако можете да си дозволете, платете некој да ви го исчисти станот повремено

Ова е најдобрата инвестиција која можете да ја направите ако сакате да ги избегнете кавгите од типот „кој последен ги изми чиниите.“


6. Дружењето со вашето семејство секогаш ќе биде позабавно, отколку дружењето со семејството на партнерот

Колку и да го сакате неговото/нејзиното семејство, ова е вистината - шегите, погледите и атмосферата се многу подобри во вашиот дом. Но, тоа не значи дека секој празник треба да го минувате со вашето семејство.


7. Ќе треба да правите многу работи кои не ги сакате, исто како и тој/таа

Поголем дел од работите не се уживање, туку обврски. И ако сте се обврзале на заеднички живот, ќе мора да ги почитувате и исполнувате.


8. Разберете дека работите кои вас ве нервираат кај него/неа, веројатно се и негов/нејзин најголем проблем

Поголем дел од расправиите кај брачните парови се сведуваат на истото - да, во право си, но што можам? Пред да нападнете, размислете ја и другата страна. Можеби неговата/нејзината немоќ околу тоа да промени нешто е голем проблем и за двајцата. Затоа, понудете поддршка, не критика.


9. Не е сигурно дека ќе знаете „кога е вистинското време за деца“

Ако чекате да почувствувате дека вистинското време е дојдено, залудно си го трошите животот, тоа е сигурно. Освестете се пред да биде доцна.


10. Вашата несигурност нема да исчезне ако партнерот ви упати комплимент

Вашите несигурности се само ваши проблеми и партнерот нема никаква поврзаност со нив. Неговиот комплимент нема ништо да поправи, барем не долгорочно.


11. Ќе ви биде потребно време за себе

Кој рече дека забавите не се за луѓе во брак? Викендите се идеални за излежување со пријателките и пиво со другарите и тука нема никаква промена само затоа што живеете заедно.


12. Ќе бидете личноста која иритира на Фејсбук

Нема млад брачен пар кој не сака да се пофали со своите свадбени фотографии. Најверојатно вие ќе бидете личноста која ги иритира пријателите на социјалните мрежи одреден период, но и таа еуфорија ќе помине.


13. Понекогаш, кога навистина ќе се налутите, ќе се запрашате дали направивте правилна одлука што стапивте во брак

Сè додека не го поставите ова прашање на глас и не дискутирате за развод кога сте екстремно лути, сè ќе биде во ред.


14. На моменти дури и ќе размислувате што ќе се случи со децата ако се разведете

И ќе се чувствувате заглавено, буквално. Но, и тоа ќе помине, полека но сигурно ќе ја пронајдете вашата зона на комфор.


15. Ќе ја одберете вистинската личност, ќе бидете во брак, ќе имате проблеми, но ќе вреди да останете

Бракот не се „случува.“ Вие го одредувате неговиот почеток и тек, така што единствено вие може да создадете врска во која вреди да се остане.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога г...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg