Знаци кои откриваат: Дали сте емоционално неверни?

Постојано размислувате за него, му праќате пораки, споделувате информации со него, размислувате што ќе облечете ако знаете дека и тој ќе биде на работа. Сето тоа укажува на неверство.

emocionalnoto-neverstvo-sepak-e-neverstvo-preispitajte-se-01

Можеби многу го сакате своето момче или сопруг, а колегата од работа ви е само добар пријател. Но, толку ви е драг, што често и долго разговарате и при тоа ви е важно како изгледате ако знаете дека ќе се сретнете.

Иако физички не се случува ништо меѓу вас, можеби го изневерувате партнерот само емоционално.

Ако забележите некои од следниве знаци и кај себе, можеби не сте свесни, но тоа се знаци кои веројатно покажуваат дека не сте задоволни од врската која ја имате.

1. Постојано го мислите

Кога ќе се разбудите наутро мислите на него, а навечер заспивате со истите мисли. Дури и во текот на денот честопати ви текнува на него, дури и кога треба да сте концентрирани на работата. Тоа се нарекува заљубеност.


2. Сакате да ги изразите своите емоции

Добивте унапредување на работното место, детето ви добило некоја награда или некоја друга добра вест, не ви е доволно важна додека не ја споделите со него.


3. Му праќате пораки

Уште еден показател дека ви е премногу важен, особено ако му праќате повеќе пораки отколку на вашето момче или останатите пријатели. Прашајте се зошто!

emocionalnoto-neverstvo-sepak-e-neverstvo-preispitajte-se-4.jpg

4. Се радувате на заедничките средби

Ја искористувате секоја прилика за да се видите дури и ако тоа значи со другите да се гледате помалку, па и без срам откажувате договори со пријателите.


5. Го споредувате

Размислувате како се однесува и што сака да прави, па сакате и вашиот партнер да биде како него. Тоа се однесува на сите полиња, од изгледот до погледот на светот и животот.


6. Размислувате што да облечете

Како тинејџерка, застаната пред гардероберот и нервозна дека нема доволно добра облека. Размислувате, пребирате, комбинирате, само за да се покажете пред него во најдобро светло.

emocionalnoto-neverstvo-sepak-e-neverstvo-preispitajte-se-1.jpg

7. Чувствувате поврзаност

Не е важно дали се работи за проблеми на работното место, животни ставови или нешто трето, сметате дека тој ве разбира најдобро, знае што сакате и чувствувате поврзаност на ментално и емоционално ниво.


8. Тајни

Ако имате потреба да му кажете некои интимни моменти и размислувања повеќе отколку на партнерот, јасно е дека не се работи само за добро пријателство.


9. Споделувате интимни работи

Еден од знаците дека сте отишле предалеку е разговорот за партнерот. Без оглед на тоа какви проблеми имате во бракот, трета личност не би требало да знае за тоа.


10. Фантазирате за него

Ако барем еднаш сте се замислиле или запрашале како се бакнува, дали е нежен или страстен, тогаш сте ја преминале границата и сте направиле емоционално неверство.

emocionalnoto-neverstvo-sepak-e-neverstvo-preispitajte-se-2.jpg

Сте се нашле некогаш во ваква ситуација? Колку знаци препознавте кај себе?

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg