Јас те разбирав, разбери ме сега ти мене!

Разбери ме, те сакав, но повеќе не чувствувам ништо, секоја една емоција падна од моето срце и ја згазнав со ѓонот на мојот чевел кој сè уште го носи неговиот мирис, твој мирис.

jas-te-razbirav-razberi-me-sega-ti-mene-1.jpg

Разбери ме, те сакам, сега сфатив, сè што мислев дека сум изгубил, кога те изгубив тебе, повторно се врати во моето срце и започна да го растажува, тогаш сфатив дека сè уште ми требаш. Излижав каде што плукнав за првпат, те молам, врати ми се.

Разбери ме, повторно сфатив дека не си за мене, премногу си мала, не сме еден за друг. Немаш стил, немаш префинетост, немаш манири, финеси кои јас ги забележувам. Ќе те оставам и знам дека ќе ми биде криво еден ден кога ќе израснеш во млада дама која нема да биде достојна за мојот чекор до нејзиниот.

Разбери ме, сфаќам дека ти си веќе дама, со секое мое оставање те правам псоодветнаа за мојата рака, но верувај никогаш нема да успеам да ја фатам во јавност бидејќи немам храброст. Сакам повторно да ми се вратиш, сакам да бидеш моја дама, а јас твој џентлмен.

Разбери ме, ова е последен пат да те оставам, но ветувам ќе биде засекогаш, повеќе не сакам да те видам, спакувај си ги куферите и да те нема. Еве ќе ти повикам и такси да не се мачиш!

Заминав…

jas-te-razbirav-razberi-me-sega-ti-mene-2

После безброј оставања започнати со два зборови, кои никогаш нема да ги заборавам, заминав и повторно се свртив назад, само за да бидам сигурна дека тоа оставање беше последно, тој не зачекори кон мене, егото му ги врза нозете.

И покрај тоа тој по извесно време повторно чукна на мојата врата со зборовите „Разбери ме", но овој пат јас му реков да ме разбере тој.

Те разбирав кога не ме сакаше, потоа те разбрав кога сфати дека сè уште ме сакаш, го прифатив тоа твое мешање на емоции како лажна тревога, те разбирав во моментите кога ми кажуваше дека сум премногу мала, а потоа сфати дека пораснав, се исплаши дека ќе ме изгубиш и повторно бараше да те разберам…

Јас те разбирав, те разбирав, те разбирав, повеќе пати од бројот на влакна во мојата коса.

Сега дојде момент кога јас ќе ти речам да ме разбереш, во прегратките на некој што ќе го разбирам со поглед, не со зборови.

Разбери ме!

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg