15 начини како врската да ви трае засекогаш

Додека во романтичните филмови се прикажуваат некои ситници и наводни случајни ситуации во кои сè се поклопува совршено, за да заврши среќно, во реалниот живот не е баш така.

15-nacini-kako-vrskata-da-vi-trae-zasekogas-01

Ако сами не се потрудите да се задржите меѓусебно, да се сакате и прифаќате, нема да ви се случи чудо со кое сè ќе ви се реши.

Сите кои имаат некакво љубовно искуство претходно или сегашно, знаат дека за да се одржи една врска потребно е многу работа.

Но, секој пар има своја тајна формула со која успева да направи врската да им трае засекогаш.

1. Да бидат апсолутно искрени

Целосната искреност значи доза љубомора, но и подобро одредени граници. Без скриени емоции и реакции. Тие не ги потиснуваат размислувањата и реакциите и пред сè се трудат да останат индивидуално независни.


2. Ги коментираат реакциите и ситуациите еден со друг секојдневно

Тоа не значи дека се караат, туку дека секојдневно забележуваат и гласно си коментираат што е она што им се допаѓа, а што не им се допаѓа кај другиот. Неа ѝ се допаѓа кога тој ѝ носи кафе, но не ѝ се допаѓа кога доцни. Нему му се допаѓа кога таа готви, но не му се допаѓа кога заборава важни работи. Тоа се мали ситници кои ги учат еден за друг и ги поправаат.


3. Не се обидуваат секогаш да бидат во право

Свесни се дека понекогаш и двајцата се со вжештени глави и дека таквиот разговор не води никаде. Тогаш решаваат да се повлечат, смират и да разговараат друг ден за тоа.


4. Имаат доверба

Доверба која ја имаат двајцата еден за друг. Не само за тоа дека можат да излезат со некој друг/а сигурни дека нема ништо да се случи, но и доверба во однос на изборот  на храна, место, идеја или план.


5. Заедно растат и се развиваат како личности

Двајцата растат и учат еден од друг и еден за друг.

15-nacini-kako-vrskata-da-vi-trae-zasekogas-4.jpg

6. Точно знаат во што се впуштаат уште пред да стане нешто сериозно

Со многу разговор и искреност за сите размислувања, планови и желби тие знаат зошто се заедно и каде ги води сето тоа.


7. Се разбираат и се поддржуваат

Што и да прават или планираат, најважно од сè e дека разговараат. Се трудат да ја разберат и едната и другата страна за да најдат најсоодветно решение кое и двајцата ќе ги направи среќни.


8. Се изненадуваат еден со друг

Мали и едноставни работи со кои предизвикуваат радост кај другиот. Без разлика дали се тоа неочекувани цвеќиња, убава порака или вкусен појадок, секогаш е нешто што ќе предизвика насмевка и изненадување.


9. Пријатели пред сè

Ако сакате врска што ќе трае подобро е да започне со пријателство. Ако со некого можете да бидете пријател, тогаш може да останете и во врска која трае. Пријателството е она кое врзува.


10. Разговори на телефон

Поради обврските не е секогаш возможно да си посветите доволно внимание и да бидете заедно, но секој слободен момент може да го користите за да се слушнете, да разговарате и да бидете во тек со сите случувања, за да не си недостигате.

15-nacini-kako-vrskata-da-vi-trae-zasekogas-1.jpg

11. Секс во кој се ужива

Исполнувањето на сексуалните фантазии, но само ако се на задоволство на двајцата се најголемата поврзаност која секогаш ќе ве држи заедно.


12. Секој си ги исполнува одговорностите во заедничкото живеење

Обврските мора да бидат поделени, но треба и меѓусебно да си помагате. Целта е побрзо да се завршат за да имате повеќе заедничко време.


13. Не ги искажуваат сите чувства набрзина

Врската се гради полека и внимателно. Не треба сите чувства наеднаш да се искажат, туку постепено да се контролираат.


14. Смисла за хумор

Шегувањето на сметка на другиот без да се сфаќате премногу сериозно е здраво за секоја врска.


15. Без екрани

Кога сте заедно најважно е да се посветите целосно еден на друг, а не пола од времето да го поминете гледајќи во екраните.

15-nacini-kako-vrskata-da-vi-trae-zasekogas-2.jpg

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg